Сè што треба да знаете пред да го посетите Непал

Сè што треба да знаете пред да го посетите Непал

Можеби никогаш не ви паднало на ум да ја посетите оваа земја. Но, Непал има многу природни богатства и има толку многу за истражување – од планински пејзажи, до мали села по ридовите. Без разлика кај сте во оваа држава, погледот сигурно ќе биде неверојатен.

(1)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

Друга причина за да ја посетите оваа земја е тоа што сè, од автобуските карти до храната е многу евтино. Се разбира, овде е и богатата историја на Непал како и бројните древни храмови. Историјата на Непал се протега низ илјадници години.

Кога да го посетите Непал?

(2)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

Тајмингот е клучен кога планирате некое патување. Во кој период ќе одите, зависи од тоа што сакате да правите и да видите во земјата.

Октомври – декември: Иако во овој период е студено, во овие месеци ќе сведочите на најубавите погледи кон планините.

Јануари – почеток на март: Ова се најстудените месеци од годината, но погледот на планините сè уште е прекрасен.

Средина на март – почеток на јуни: Времето е прекрасно во овој период, но за жал големата влажност на воздухот ќе ви го ограничи уживањето во пејзажите.

Јуни – август: Ова е сезона на монсуни, па времето е топло, влажно и врнежливо.

Што да понесете кога ќе одите во Непал?

(3)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

И овде зависи од тоа што сакате да правите. Ако сакате да планинарите, понесете опрема но и топла облека. Ако само сакате да шетате по градовите и селата, опремата за планинарење може воопшто да не ви треба. Се разбира, секогаш носете удобна облека.

Како да најдете евтино сместување?

(4)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

Во Непал можете да најдете многу евтини хостели и соби, ако знаете каде да барате. На Airbnb можете да најдете сместување за 10-тина евра од вечер. Ако патувате со некој друг, можете да изнајмите соба во некој хостел, чии цени се околу 20-тина евра за вечер. Сепак, хотелите со 4 и 5 ѕвездички се многу поскапи. Имајте на ум дека нема да најдете сместување од Airbnb во секој град во Непал, но евтините хостели се насекаде.

Каква е храната во Непал?

(5)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

Храната во Непал е многу вкусна. Бидејќи Хинду луѓето не јадат месо, ова ќе биде совршен одмор за вегетаријанците. Речиси секој ресторан во Непал има идентично мени и може храната ќе ви стане здодевна. Но, сигурно ќе ви недостига кога ќе си заминете.

Ноќен живот

(6)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

Во Катманду и Покара има добар ноќен живот. Но, ако престојувате во некое село или сте тргнале на планинарење, немојте да очекувајте да најдете место за забава. Дури и пиењето во соба е многу поскапо на планините отколку во градот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар