Се плашите од пајаци? Постои начин како да се ослободите од таа фобија
Една од најчестите фобии е стравот од пајаци, а научниците од Холандија пронашле доброволци кои патат од оваа фобија и со нив ги испробале некои методи за ослободување од таквиот страв.
Научниците работеле со 45 доброволци кои се плашеле од пајаци. Секој од нив бил накратко изложен на контакт со тарантула и потоа добил доза пропранолол, бета-блокатор што се користи за лекување на срцеви заболувања и висок крвен притисок. И се случило чудо – кај секој од доброволците стравот драматично се намалил, а ефектот траел една година со тоа што се активирала амнезијата кога кај нив ќе се појавело некое сеќавање поврзано со пајаци.
Основач на оваа теорија е неврологот д-р Жозеф Л’До, кој пред скоро 20 години тврдел дека терапијата со овој вид лекови резултира во амнезија по активирањето на непријатната меморија. Досега, овој метод бил применуван само на животни.
Холандските научници веруваат дека тоа ќе доведе до нови начини на лекување, односно бришење на трауматичните спомени и чувството на страв поради некои делови од паметењето.
Совети како да ги држите пајаците подалеку од креветот
Редовно менувајте ја постелнината бидејќи ова е еден од најлесните начини да ги задржите пајаците што е можно подалеку од креветот. Пајаците може да бидат привлечени од маснотиите од вашето тело, коса, делови од кожата итн.
Не чувајте кутии или други работи под креветот. Ова им овозможува на пајаците да најдат погодно место каде може да се населат и да се размножуваат. Најдобро е да немате ништо под креветот и редовно да чистите.
Попрскајте есенцијално масло на постелнината бидејќи одредени мириси ги одвраќаат пајаците. Ароматичните масла со мирис на портокал, нане, лимон и лаванда – се одлични за таа намена. Ставете неколку капки масло во шише со прскалка, ставете малку вода, добро протресете и испрскајте.
Поместете го креветот малку подалеку од ѕидот, затоа што додека одат по ѕидот, пајаците може да се симнат на креветот и продолжуваат да се движат по вас. Исто така, не ставајте друг мебел до креветот.
Редовно чистете ги светилките и вентилаторите во спалната соба, особено светилката над креветот, бидејќи пајаците може да се спуштат до креветот и да стигнат до вас.
Можеби сакате да дознаете и што е тоа педофобија односно дали имате страв од деца?