Сакате да спиете до подоцна за време на викендите? Оваа навика е корисна за вашето здравје!

Сакате да спиете до подоцна за време на викендите? Оваа навика е корисна за вашето здравје!

Напорниот распоред во текот на работната недела не ви дозволува да се наспиете, па затоа се чувствувате исцрпени кога конечно ќе дојде петок. Последното нешто што ви треба да го чуете во таквите моменти е дека не можете да го надоместите изгубениот сон ако спиете до подоцна за време на викендите и дека тоа е штетно за вашето здравје. Доколку климате со главата додека го читате ова, сигурно ќе ви се допаднат следниве откритија.

Сакате да спиете до подоцна за време на викендите? Оваа навика е корисна за вашето здравје!

Најновите истражувања откриле дека спиењето до подоцна за време на викендите може да биде корисно за вашето здравје. За целите на истражувањето, истражувачите од Јужна Кореја ги споредиле навиките за спиење на 2.156 возрасни луѓе со нивниот индекс на телесна маса (Body Mass Index – BMI). Инаку, индексот на телесна маса се користи за да се одреди идеалната тежина на човекот според неговата висина и да се идентификуваат можните здравствени ризици поврзани со дебелина, дијабетес тип 2, висок крвен притисок и срцеви заболувања.

Истражувачите дознале дека испитаниците кои спиеле многу малку во текот на неделата и надоместувале за изгубениот сон за време на викендите имале понизок индекс на телесна маса (22,8), за разлика од оние кои спиеле премалку, но не компензирале за викендите. Нивниот индекс на телесна маса во просек изнесувал 23,1, што е значајна разлика од статистичка гледна точка, бидејќи секој дополнителен час поминат во спиење за време на викендот бил еднаков со 0,12 понизок индекс на телесна маса.

Ова може да е поврзано со фактот што луѓето кои спијат повеќе за време на викендите, поминуваат повеќе часови со затворени очи што значи дека имаат помали шанси да го нарушат хормонскиот баланс и метаболизмот кои можат да предизвикаат голем број негативни последици, како на пример дебелина. Освен тоа, експертите за спиење тврдат дека колку повеќе спиете толку подобро, бидејќи кога сте одморени постои поголема веројатност дека ќе стекнете здрави навики, како што се вежбање и правилна исхрана.

Тешко е да се прилагоди спиењето на социјалниот живот и тоа може да ви го наруши биолошкиот ритам, да ве истошти и да ви го влоши здравјето и расположението. Токму затоа, најдобро е да си легнувате и да се будите во приближно исто време без оглед на денот. Исто така, експертите препорачуваат минимум 7 часа редовно спиење.

Ако не можете да добиете доволно сон во текот на работната недела, најдобро е да надоместите за време на викендите за да си го одржите вашиот индекс на телесна маса. Подолгото спиење за викендите може да ја спречи појавата на дебелина предизвикана од недоволно спиење.

Иако потребни се уште истражувања за да се докаже ова тврдење, добиените резултати се доволна причина да се забавувате до раните утрински часови во петок и сабота вечер и да не се грижите околу тоа колку пати ќе го притиснете копчето снуз наредното утро.

Овие откритија се супер, но треба да ја погледнеме и другата страна на нештата. Прочитајте зошто претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар