Ресторан под водопади

Ресторан под водопади

Дали сте за традиционален филипински ручек во ресторан под водопади? Би го искористиле ли зимскиот одмор, наместо на скијање, да заминете на егзотично патување на хациендата „Ескудеро“? Таа се наоѓа во Тјаонг, во областа Лагуна на Филипините, а нејзина најголема атракција е токму ресторанот под водопадите „Лабасин“.

Ресторан под водопадиРесторан под водопади

Овој необичен ресторан се состои од столчиња и масички од бамбус, поставени на многу мало растојание од водопадот. Посетителите ручаат буквално потопени во вода. 

Ресторан под водопадиРесторан под водопадиРесторан под водопадиРесторан под водопади

Покрај во ресторанот, на хациендата можете да уживате и во набљудување на околу 90 видови локални птици, да се релаксирате на турнеја низ селото, да научите да собирате кокос, да пловите со сплав од бамбус…

Ресторан под водопадиРесторан под водопадиРесторан под водопадиРесторан под водопадиРесторан под водопадиРесторан под водопади

Можете да најдете еден куп задоволни посетители на хациендата, кои импресиите ги споделиле на интернет. Пишуваат дека ако еднаш ја почувствувате енергијата на ова волшебно место, никогаш нема да посакате да заминете оттаму. Ако и вие одлучите да го посетите, имајте предвид дека температурите на Филипините во овој период од годината изнесуваат околу 27 °C.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар