Редовното појадување го намалува ризикот од инфаркт
Појадокот не е важен само за одржување на линијата, туку е и чувар на вашето срце. За само една недела можете да го навикнете организмот на појадување. Многу е подобро да каснете што било, отколку да го оставите желудникот празен.
Едно истражување направено на Универзитетот Харвард во кое учествувале 27.000 луѓе, покажало дека луѓето кои имаат поголем ризик за заболување на срцето, како превенција треба редовно да појадуваат. Научниците кои учествувале во ова истражување, во период од 16 години ги следеле прехранбените навики на луѓе на возраст од 45 до 82 години и ги поврзувале со здравјето на срцето. Тие откриле дека оние луѓе кои не појадуваат имаат за 30% поголеми шанси за инфаркт од оние кои редовно појадуваат. Научниците во обѕир ги зеле и животниот стил, телесната маса и навиката за пиење алкохол, но сепак појадувањето се покажало како многу важно за здравјето на срцето.
„Подобро е да каснете што било за појадок, отколку ништо, бидејќи луѓето кои редовно појадуваат не само што се повитки, туку имаат и поздраво срце“ – истакнува д-р Леа Кејхил.
Таа додава дека најдобар избор за појадок е црн леб, овес, млеко со ниска масленост, овошје и зеленчук. Луѓето кои тврдат дека не можат да јадат наутро грешат, бидејќи после само една недела телото може да се навикне на појадувањето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.