Рај за љубителите на морското синило: Европски остров на „погрешен“ континент
Курасао е најголемиот остров во Холандските Антили. Се наоѓа во Карипското Море и спаѓа во таканаречената група острови АБЦ заедно со Аруба и Бонаер. Иако географски и припаѓа на Јужна Америка (оддалечен е само 60 километри од брегот на Колумбија и Венецуела), делува многу како Холандија. Ова не е изненадувачки, бидејќи тој бил под холандска власт од 1863 година, додека од 2010 година се смета за независна територија на Кралството Холандија.
На островот сè уште се зборува на холандски јазик (заедно со англиски и креолски јазик). Колонијалната архитектура во главниот град Вилемстад е заштитена од УНЕСКО и се чини дека му припаѓа на Амстердам, а не на Карибите.
Курасао има прекрасен подводен свет со бројни корали, морски сунѓери, привлечни риби и други морски суштества, но и со неколку потонати бродоломи, па затоа е голема мамка за туристите вљубени во нуркањето.
Прочитајте и кои 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.