Работи кои можете да ги исчистите во машината за перење облека

Работи кои можете да ги исчистите во машината за перење облека

Можеби не сте знаеле, но вашата машина за перење покрај облека, може да исчисти и многу други работи. Погледнете ја листата со работите кои е безбедно да ги чистите во перална.

1. Простирка за автомобил

(1)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Простирките можете да ги чистите и со правосмукалка, но за навистина да изгледаат како нови, ставете ги во машината за алишта. Исперете ги со студена вода, а потоа оставете ги на сонцето да се исушат. Немојте премногу да ги перете бидејќи може да се оштети гумата на нив.

2. Перници

(2)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Без правилно чистење, на вашата перница се собираат многу мртви кожни клетки и бактерии. Перете ги перниците една по една и тоа со жешка вода. Можете да ги исушите во сушилница.

3. Чевли

(3)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Најлесниот начин да ги исчистите вашите чевли е да ги ставете во машината за алишта. За да не тропаат кога ќе ги перете, ставете и неколку крпи со нив

4. Крпа од џогер

(4)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Откако ќе го исчистите подот, вашиот џогер секако ќе биде валкан. Наместо да го фрлате, можете да го исперете во машината за алишта. Не само што ќе заштедите пари, туку ќе ја заштитите и природата.

5. Завеси

(5)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Не мора често да ги перете завесите, но правете го тоа еднаш секоја сезона. Прочитајте ги инструкциите на самата завеса пред да ја перете, исто како што правите и со секое парче облека.

6. Кадифени играчки

(6)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Можете еднаш неделно да ги перете кадифените играчки на вашето дете. Се разбира, доколку немаат никаква електроника во нив. Исперете ги со топла вода и немојте да користите премногу средства .

7. Завеса за туш

(7)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Немојте да ја фрлате вашата завеса, едноставно исперете ја. Ќе ви биде многу поевтино да ги перете со ладна вода отколку постојано да купувате нова.

8. Простирки од тоалетот

(8)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Ако простирката е доволно мала, можете да ја перете во машината. Користете топла вода, бидејќи жешката и ладната можат да ја оштетат гумата на простирките.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар