Работи кои би требало да ги знаете за белите тетоважи

Работи кои би требало да ги знаете за белите тетоважи

Изминативе неколку години белите тетоважи навистина се прославија, особено помеѓу жените. Додека повеќето тетоважи се изработуваат со црна боја и други нијанси, белите тетоважи имаат само бела боја.

Работи кои би требало да ги знаете за белите тетоважи

Иако изгледаат навистина неверојатно, белите тетоважи имаат неколку недостатоци. Доколку размислувате за бела тетоважа, ова се нешта кои треба да ги земете предвид.

1. Дали белите тетоважи се потешки за изработка?

Работи кои би требало да ги знаете за белите тетоважи

Белите тетоважи се изработуваат на истиот начин како и сите. Разликата е само во бојата.

2. Дали се поболни од „обичните“ тетоважи?

Работи кои би требало да ги знаете за белите тетоважи

Повеќето луѓе сметаат дека нанесувањето на белата боја е поболно бидејќи најчесто се користи на крајот, кога кожата е веќе иритирана. Клиентите мислат дека болката е поради белата боја, кога всушност не е. На иритираната кожа на крајот од тетовирањето, секоја боја ќе биде поболна.

3. Која боја на кожа е најпогодна за бели тетоважи?

Работи кои би требало да ги знаете за белите тетоважи

Иако повеќето луѓе мислат дека белата тетоважа ќе се гледа подобро на темна кожа, важи спротивното. Колку е посветла кожата, толку подобро ќе се гледа тетоважата.

4. Дали и белите тетоважи избледуваат со текот на времето?

Работи кои би требало да ги знаете за белите тетоважи

Уште при процесот на зараснување, повеќето бели тетоважи почнуваат да исчезнуваат или остануваат само како белег. Луѓето кои сакаат бели тетоважи обично гледаат фотографии на Интернет и очекуваат тетоважата трајно да изгледа така. Но, тоа се слики направени веднаш по тетовирањето и не покажуваат како изгледа тетоважата по зараснувањето.

5. Постои ли разлика во негата на белите и „обичните“ тетоважи?

Работи кои би требало да ги знаете за белите тетоважи

Негата за сите тетоважи е иста.

Доколку барате идеја за вашата тетоважа, погледнете ги овие неверојатни еднолиниски тетоважи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар