Пуштете се по 10-те најстрашни луди железници во светот
Погледнете ја оваа листа од 10-те најстрашни луди железници во светот од кои на момент ќе ви застане срцето. Почнувајќи од најкратките и најбрзите, па сѐ до најдолгите и највисоките, наредниве ролеркостери со години ги преплашуваат и најголемите авантуристи ширум светот.
1. Сребрена ѕвезда
Europa Park, Раст, Германија
Искривувајќи ги лицата на најхрабрите во Германија од 2002 година, Сребрена Ѕвезда е највисоката луда железница во Европа. Употребувајќи систем на бавно искачување со помош на синџир-лифт, таа ги води авантуристите до височина од 73 метри и потоа ги турка во пад со брзина од 130 километри на час и 4Г вертикална сила.
2. Кулата на теророт
Dreamworld, Квинсленд, Австралија
Оригиналната Кула на теророт, по своето лансирање во 1997 година, одвои над 8 милиони авантуристи од нивниот ручек. Потоа во 2010 година, оваа луда железница била преправена и претворена во уште пострашна верзија. Оние кои ќе се осмелат да се возат на неа се катапултирани од тунел нагоре кон вертикалната кула, достигнувајќи брзина од 161 километар на час за само неколку секунди. На врвот, на околу 35 метри височина, вие на една секунда „висите“ неподвижни и во бестежинска состојба, а потоа нагло паѓате кон земјата во застрашувачкиот тунел.
3. Челичен Змеј 2000
Nagashima Spa Land, Мије префектура, Јапонија
Челичниот Змеј можеби веќе не е најбрзиот и највисокиот ролеркостер во светот, но сѐ уште е најдолгиот. Количината на челик која била употребена за да се изгради го прави еден од најскапите досега составени. Настрана од тоа, монструозната големина на Челичниот змеј лесно го сместува во 10-те најстрашни луди железници во светот.