Првите улоги на некои од најпознатите актери и актерки
Многу славни личности сакаат да разговараат за почетоците на нивните кариери и периодите кога само се обидувале да заработат пари за да преживеат. Некои актери и актерки се појавувале во нискобуџетни, понекогаш многу лоши филмови, а други се појавувале на телевизија, односно во реклами. Во продолжение погледнете ги почетоците на некои од најпознатите актери и актерки на денешницата.
1. Бред Пит
На почетокот на неговата кариера Бред Пит изгледа бил подготвен на сè за својот омилен чипс во рекламата на познатиот бренд Принглс. Тој бил само згодно русокосо момче и без проблем ја одиграл улогата на сурфер.
2. Леонардо Дикаприо
Долго пред Титаник, Леонардо се појавил во реклама за гуми за џвакање. Кога станал малку попознат, заработил некој денар во Јапонија појавувајќи се во реклама за Honda Civic.
3. Бен Афлек
Младиот Бен Афлек се појавил во реклама за Бургер Кинг во 1989-та година.
4. Киану Ривс
Кој би помислил дека и Киану заработувал од реклами? Додека бил непознат актер, се појавувал во реклами за Кока-кола и Корн флејкс.
5. Брус Вилис
Ако не сте знаеле дека Брус Вилис може да пее, тогаш имате шанса да го слушнете во оваа реклама од 1986-та година. Покрај тоа во третата реклама од серијалот на Брус му се придружува и неверојатната Шерон Стоун.
6. Кортни Кокс
Пред Кортни да стане Моника Гелер од „Пријатели“, таа рекламирала женски хигиенски продукти. Исто така се верува дека таа е првата жена што го кажала зборот менструација на телевизија во САД.
7. Брајан Кренстон и Арон Пол
Пред да ги запознаеме како Волтер Вајт и Џеси Пинкман, и Брајан и Арон се појавувале во реклами. Брајан рекламирал крема за намалување болка, додека Арон рекламирал житарици за појадок.
8. Џон Траволта
Во далечната 1973-та, Џон Траволта пеел весела песна со момчиња во соблекувална за реклама за сапун.
Продолжува на следната страница…