Првиот клуб на „Плејбој“ во Европа
Првиот клуб на „Плејбој“ е отворен во Чикаго 1960 година, а набргу потоа нови клубови биле отворени и во Њујорк, Њу Орлеанс, Лос Анџелес, Канзас Сити и на други места. Слични вакви места се отворија насекаде, дури и во Јамајка. Клубовите имаа коктел-барови, каде што зајачиците од Плејбој служеле храна и пијалак и имале настапи во живо. Да поседувате членска картичка за во клубовите на „Плејбој“ значело дека имате одреден статус во општеството, иако само 21% од луѓето кои ги поседувале картичките, ги користеле. Со цена од само 25 долари за годишна членарина, Плејбој заработувал огромни пари. Ова бил првиот чекор за создавање на царството.
Првиот клуб во Лондон бил отворен во 1965 година, по легализирањето на коцкањето во Велика Британија. Овој клуб е првиот кој се отворил на тло на Европа. Девојки од Англија, биле носени до САД за да бидат обучени како Плејбој зајачици, келнерки и крупиерки, за отварањето на овој клуб. Се верува дека сопственикот на магазинот, Хју Хефнер, бил инспириран да отвори клубови за коцкање и пиење, во кои служат девојки облечени во кадифе, откако ги посетил клубовите од ланецот „Gaslight“ во Чикаго.
Клубот во Лондон, наскоро почнале често да го посетуваат славните и богатите, меѓу кои бил и Френк Синатра. Францускиот актер Жан-Пол Белмондо, Бонд-девојката Урсула Андерс и американскиот актер Џејмс Гарнер уживале да јадат во лондонскиот „Плејбој“ клуб. Во овој клуб Вуди Ален има настапувано во живо.
Во 1972 година, неколку од зајачиците во клубот го снимиле и албумот насловен „Распеани зајачици“ (Singing Bunnies). Клубот се затворил во 1981 година, откако не му била продолжена лиценцата за коцкарницата. Клубот повторно ќе се отвори оваа сабота, 30 години по неговото затворање. Новите зајачици повторно беа пратени на интензивно обучување кое траеше 11 недели, а нивните облеки, кои беа специјално дизајнирани за секоја од нив, се карактеризираат со помодерн стил.———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук