Првиот бутик „Версаче“ за деца
Автор: Александра Чакаровска
Светски познатиот интернационален италијански бренд „Версаче“, на чело со Донатела Версаче, неодамна го отвори првиот бутик „Версаче“ за деца. Тој се наоѓа во Милано, каде во дамнешната 1978 година беше отворен и првиот официјален бутик потпишан со ова име.Креациите во бутикот се наменети за момчиња и девојчиња до 12 години, а тие ќе можат да се најдат и во многу други познати специјализирани бутици насекаде во светот. Дезените со леопард, бебешки шишиња украсени со Сваровски кристали, фустани со слики од бајките, се само некои од многуте дизајнирани предмети што можат да се најдат овде.Ексклузивните парчиња облека, според Донатела Версаче, би требало да бидат задолжителни за оние деца кои сакаат да се издвојат од толпата и да имаат уникатен стил на облекување.Ентериерот на бутикот плени со својата детска, нежна и разиграна атмосфера. Виолетовата боја преовладува насекаде низ просторот, а џиновски лижавчиња го украсуваат излогот.Доколку се наоѓате во Милано, можете барем накратко само да ги ѕирнете прекрасните мали ексклузивни парчиња, а можеби и да купите некое за да ги израдувате вашите деца или внуци. Локацијата на бутикот е Via Borgospesso 15/A.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Убаво дизајнирано, ама мислам дека неможам толку долго време да седам во еднобојна просторија х)
definitivno posakav da kupam nesto za sin mi.
pozdrav
biljana i viktorce