Прошетка низ убавините на Норвешка

Прошетка низ убавините на Норвешка

Оваа прекрасна земја се наоѓа на самиот север на европскиот континент. Дури 61,1% од нејзината територија се планини, 23,3% шуми, 4,8% езера и реки и 1,4% вечен мраз.

Прошетка низ убавините на Норвешка

Обалата на Норвешка е избраздена со тесни морски заливи кои се нарекуваат фјордови. Тие претставуваат природни пристаништа заштитени од невремиња. Иако се наоѓа на северниот дел од континентот, приморската Норвешка има прилично блага клима, благодарение на Голфската струја.

Прошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на Норвешка

Фјордовите ѝ даваат неверојатен и неповторлив колорит на оваа скандинавска земја. Патувањата по фјордовите со водопади и мали рибарски села, е најубавото нешто кое можете да го доживеете тука. Илјадниците чисти и природни езера даваат неверојатна можност за риболов во еден од најпрекрасните предели на континентот. Токму затоа, од 4,3 милиони жители во Норвешка, само 50% живеат во големите градови.

Прошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на Норвешка

Главен град на Норвешка е Осло, кој е модерна престолнина во која живеат околу 1 милион жители. Тој е културен и политички центар на земјата и еден од најубавите градови во северна Европа. Градот е основан од страна на викинзите во 9-тиот век, а својот најголем развој го доживува во 18-тот век. Тој се наоѓа на истоимениот фјорд, а со фреквентни ферибродски линии е одлично поврзан со Данска.

Прошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на Норвешка

Доколку некогаш патувате во оваа земја не пропуштајте да ги посетите замокот на Акершус, Националниот музеј на Норвешка, Градската куќа во која се доделуваат „Нобеловите награди“, кралската палата во која живее норвешката кралска фамилија, паркот Вигеланд и музејот на викиншките бродови.

Прошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на Норвешка

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар