Придобивките од изучување странски јазици

Придобивките од изучување странски јазици

Изучувањето странски јазици не само што ќе ви ги зголеми шансите за вработување, туку и ќе ве направи попаметни и поодлучни.

Последните психолошки истражувања на оваа тема, покажуваат дека познавањето на два или повеќе јазици исклучително го подобрува мисловниот процес. Мозокот на луѓето кои изучуваат повеќе странски јазици функционира поразлично и со себе носи голем број придобивки. Еве некои од нив:

Придобивките од изучување странски јазици

Станувате попаметни

Учењето на нови зборови и фрази значително ја подобрува меморијата и ја зголемува мозочната активност. Тоа позитивно влијае врз самиот процес на учење и го поттикнува критичкото размислување. Се смета дека децата кои зборуваат повеќе јазици, покажуваат подобри резултати на тестовите во училиште и полесно го совладуваат материјалот од останатите.

Зголемена самодоверба

Чувството на самодоверба кое доаѓа со стекнувањето на нова вештина е непроценливо. Уживањето во ваквата придобивка, уште повеќе ја зголемува желбата за истражување и учење нови нешта. Тоа со себе носи зголемен ентузијазам, љубопитност, сигурност.

Поголема отвореност

Патувањата се интересно искуство за секого. Познавањето на јазикот на одредена земја во која патувате, не ве прави само обичен турист, туку и ви помага полесно да ги разберете нејзината култура, народ, начин на живеење. Исто како кога слушате песна на јазик кој добро го познавате – не ги слушате само зборовите, туку ја слушате и музиката зад нив, го слушате самиот живот.

Нови познанства

Зборувањето на странски јазик ве прави поотворени кон другите луѓе. Одржувањето на тие контакти ги зголемува комуникациските вештини и ве прави лично побогати. Создавате не само лични врски, туку и врски со различни култури, идеи, традиции.

Усовршување на мајчиниот јазик

Кога го учиме мајчиниот јазик, не обрнуваме големо внимание на граматичките правила и конструкции. Но, изучувањето на странски јазик нè поттикнува повеќе да се фокусираме на самата механика на јазикот, и со тоа несвесно подобро да го разбереме и сопствениот јазик.

Еден јазик никогаш не е доволен

Оној кој знае повеќе странски јазици, веднаш ќе ви каже дека еден јазик никогаш не е доволен. Секогаш може да се научи повеќе. Изберете го вашиот омилен и уживајте во придобивките.

Доколку ве заинтригиравме, и ви ја разбудивме желбата за учење нов јазик, ве упатуваме на duolingo, каде може уште веднаш да почнете. Пријатно учење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар