Придобивките и негативните последици од ботоксот

Придобивките и негативните последици од ботоксот

Ботулинум претставува токсин кој се излачува од бактеријата Clostriium botulinum и воедно предизвикувач на болеста ботулизам. Овој токсин е невромускуларен блокатор кој предизвикува парализа на инфектираниот мускул со што се спречува излачувањето на невротрансмитерот ацетил холин од мотоневроните. Исто така, ботулинумот го намалува потењето така што делува на симпатичкиот нервен систем кој ги контролира потните жлезди.

Придобивките и негативните последици од ботоксот

Бактеријата Clostridium botulinum го лачи ботулинот А или уште познат како ботокс

Овој токсин може да предизвика тешко труење со храна и е најмоќниот токсин кој ù познат на науката. Но, и покрај неговите негативни дејства, користејќи го во одредени дози, може и се користи во медицински и козметички третмани. Употребуван во мали дози, може да се користи за лечење на некои нервни болести. Токсинот уфрла специфични протеини во нервната клетка кои се медијатори во лачењето на трансмитерите кои предизвикуваат болка, мускулен спазам, грчеви и други симптоми.

Придобивките и негативните последици од ботоксот

Медицинска и козметичка употреба

Козметичката улога на ботулинумот е поврзана со исчезнувањето и намалувањето на порите и брчките со директно инјектирање во фацијалните мускули. Третманите со овој токсин првично биле наменети за пациенти со мускулни грчеви, како блефароспазмот (спазам на очните мускули), стрбизам, цервична дистонија. Кај пациенти со фацијални спазми кои биле третирани со ботулинум, било забележано намалување на мускулните грчеви.

Луѓето на постара возраст не ги сакаат брчките кои се појавуваат со текот на годините, па така со помош на ботулинум, ги намалуваат овие линии на староста. Честопати, заедно со третманите со ботулин се користи и колаген и хијалуронска киселина. Ботулинските терапии се користат и кај луѓе со зголемено локално потење (хиперхидроза), најчесто во пазувите, за намалување главоболки, како и за некои форми на дерматитис.

Придобивките и негативните последици од ботоксот

Пред и по третман со ботокс

Ефектот кој го има ботулинот на очните мускули е неможност за нивна контрaкција и со самото тоа, видливо намалување на брчките. Инјекциите кои се инјектираат директно во мускулите се безболни и луѓето можат нормално да трепкаат и да ги креваат веѓите. Се земаат 3-5 мали дози. Неговите ефекти ослабуваат после неколку недели од амплифицирањето, а повторен третман се прави после 3-6 месеци од првичното нанесување.

Придобивките и негативните последици од ботоксот

Ефектот на ботоксот на околуочните мускули, пред и по 7 дена

Негативни последици од користење третман со ботокс

Најчеста негативна појава е главоболката, која се јавува веднаш по нанесувањето. Може да се намали со земање парацетамол. Долготрајните главоболки се ретки. Исто така, можат да се јават лузни како резултат на инјекциите. Ако неправилно се нанесува ботулинот, може да се повреди мускулот на очниот капак и да се предизвика птоза односно затварање на очниот капак. Оваа појава обично трае неколку дена, во ретки случаи е долготрајна.

Придобивките и негативните последици од ботоксот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар