Прекрасниот национален парк Плитвички Езера во Хрватска

Прекрасниот национален парк Плитвички Езера во Хрватска

Плитвички Езера е првиот национален парк во Хрватска основан во 1949 година. Опфаќа простор од 296.85 км и се наоѓа меѓу најголемите 8 во целата држава. Тој изобилува со неверојатна природна убавина и пејзажи кои одземаат здив.

Во овој парк можете да забележите многу водопади, езера, шуми и различни видови животни. Највисокиот водопад е околу 70 метри, додека пак езерата се познати по нивните специфични бои кои се движат од небесно сина, светло зелена, па сè до уникатно сива боја. Боите се менуваат во зависност од количината на минералите и организмите кои се наоѓаат во водата, како и од аголот под кој паѓа сончевата светлина.

16-те езера кои се формирани од природни брани се поделени во горни и долни езера, додека пак патеките за туристите се наоѓаат на надморска височина помеѓу 503 и 636 метри.

Прекрасниот национален парк Плитвички Езера во Хрватска

Паркот Плитвички Езера се наоѓа во централниот дел од Хрватска и е најмногу познат по неверојатните природни знаменитости. Дури и по 60 години откако бил основан како национален парк, сè уште е голема инспирација за посетителите кои без разлика од каде доаѓаат, не пропуштаат да го посетат. Поради тоа денес се смета за една од најголемите туристички атракции во оваа држава.

Доколку некогаш одлучите да ја посетите Хрватска, без разлика дали е лето или зима, одделете еден ден за ова прекрасно место каде што ќе искусите нешто сосема различно и барем накратко ќе се одморите од напорниот „градски“ живот.

Прекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во ХрватскаПрекрасниот национален парк Плитвички Езера во Хрватска

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Ivana Reply

    Mnogu e ubavo. Bi sakala da go posetam

  2. Aleksandar Reply

    Mnogu se ubavi i bi sakal da gi posetam

  3. Име Reply

    mene mi e mnogu ubavo cekajte me vo avgust

  4. Antonio Reply

    Supper

  5. Кристијан Reply

    Многу се убави би сакал да ги посетам.

  6. hgjhglijn Reply

    Prekrasni se

  7. Antonio Reply

    Prekrasni se

  8. Neymar Reply

    Многу се убави сликиве

  9. stefanija Reply

    prekrasni se bi sakala da gi posetam <3 <3
    ,

  10. Анастасија Reply

    Многу е убаво!
    Сакам да го посетам!
    Прекрасно е!

  11. ramadan Reply

    mnogu se ubavi vasite ezera

  12. Thiago Reply

    Odlicno

  13. messi Reply

    PREKRASNI SE!

  14. Xavi Reply

    Prekrasno

  15. Lale Reply

    Preubavo…Mora da se vidi!

  16. Lala Reply

    Preubavo e !
    Bev no pak mi se odi 🙂

Остави коментар