Прегратките можат да ни помогнат во борбата со стресот и инфекциите

Прегратките можат да ни помогнат во борбата со стресот и инфекциите

Дали е доволно само една прегратка на ден да ни помогне во одржување на нашето здравје? Според едно ново истражување спроведено од Универзитетот Карнеги Мелтон, изгледа дека оваа идеја не е целосно невозможна.

Прегратките можат да ни помогнат во борбата со стресот и инфекциите

Водени од Шелдон Коен, професор по психологија, истражувачите тестирале дали прегратките се еден вид социјална поддршка која ги заштитува луѓето од болести. Објавена во журналот „Psychological Science“, оваа студија ни открива дека поголемата социјална поддршка и почестите прегратки ги заштитуваат луѓето од инфекции предизвикани од стрес и резултира со помалку симптоми на сериозни болести.

Коен и неговиот тим одбрале да ги проучуваат прегратките како пример за социјална поддршка бидејќи тие обично се знак за поголема интимност и блискост со друга личност. Коен објаснува:

„Знаеме дека луѓето за време на конфликти со другите луѓе се помалку способни да се одбранат од различни видови вируси, како на пример, настинката. Исто така знаеме дека луѓето кои имаат социјална поддршка се делумно заштитени од ефектите на стрес на психолошко ниво, најмногу во областа на депресијата и анксиозноста. Ние тестиравме дали перцепциите за социјалната поддршка се подеднакво ефективни во заштитата од подложноста на инфекции која е предизвикана од стресот и дали прегратките би можеле да придонесат во развивање на чувството на поддршка, а со тоа и до поефективна одбрана од инфекции.“

Резултатите од оваа студија ни покажуваат дека социјалната поддршка го намалувала ризикот од инфекции кој е поврзан со доживувањето конфликти. Прегратките биле одговорни за 1/3 од заштитата на социјалната поддршка. Дури и оние кои за време на истражувањето настинале, покажале значително помали симптоми доколку биле изложени на повисока социјална поддршка и почести прегратки. Коен вели:

„Ова ни сугерира дека прегратките од личност на која ѝ веруваме можат да служат како ефективно средство на социјална поддршка, а зголемувањето на нивната фреквенција може да биде ефективен начин за намалување на опасните ефекти од стресот. Очигледниот позитивен ефект на прегратките може да биде објаснет со самиот физички контакт или пак, со фактот дека прегратката е бихејвиорален индикатор на поддршка и интимност. Во секој случај, оние кои добиваат повеќе прегратки се позаштитени од инфекции.“

Токму затоа не воздржувајте се, гушкајте ги почесто вашите најблиски и поминете ја оваа зима поздраво од кога било…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар