Познат фотограф открива како да направите совршена фотографија
Фотографот кој работи за National Geogprahic, Стив Мекури, автор на култни наслови во ова списание од 1984 година, под името „Девојки од Авганистан“, открива 9 трикови со чијашто помош вашите фотографии ќе бидат прекрасни и ќе станат омилени во вашата околина. Здружението на фотографи (The Cooperative of Photography) објавило видео со практични совети од овој прочуен фотограф, а на снимките се користени токму прекрасните фотографии на Стив Мекури од целиот свет.
1. Правило за третина
Поставете го во третината она што е во интерес на вашето фотографирање.
2. Водечки линии
Користете ги природните линии така што ќе ве водат кон централната точка, аспект или предмет на фотографирање.
3. Дијагонали
Дијагоналните линии создаваат одличен впечаток, односно, придонесуваат за динамички движења на самата фотографија.
4. Рамки
Користете природни рамки, како што се на пример прозорците, затоа што тие секогаш даваат добар ефект.
5. Фигура на земјата
Пронајдете контраст помеѓу субјектот и позадината на фотографијата.
6. Пополнете ја рамката
Приближете му се на субјектот и ставете го во прв план, особено ако се во прашање посебно интересни и специфични луѓе.
7. Доминантното око во центарот
Поставете го доминантното око на вашиот субјект да биде во самиот центар на фотографијата, затоа што тоа на набљудувачот му дава впечаток дека окото го следи.
8. Форми и повторувања
Формите се естетски привлечни, особено ако се нарушени, затоа што тоа е секогаш ефективен начин за да привлечете внимание.
9. Симетрија
Симетријата е пријатна за очите и тоа секогаш треба да го имате предвид кога композицијата е едноставна и погодна за симетрично пресекување.