Поучна приказна: Научете како да цените

Поучна приказна: Научете како да цените

Еднаш одамна, живеел еден маж кој имал големо и дарежливо срце и кој многу сакал да помага. Овој маж би му помогнал секому, дури и без да побара ништо за возврат. Тој помагал затоа што го едноставно го сакал тоа. Еден дел додека одел по својот пат, тој пред своите нозе забележал чанта, па ја подигнал и видел дека е празна. Одеднаш една жена со полицаец се појавила пред него и потоа го уапсиле.

Поучна приказна: Научете како да цените

Жената постојано вознемирено прашувала каде се парите, но мажот цело време ѝ велел дека ја нашол нејзината чанта празна. Жената непрекинато му викала да ѝ ги врати парите, бидејќи ѝ биле потребни за училиште на нејзиниот син. Мажот забележал дека таа била тажна, па токму затоа и ѝ ги дал сите негови пари. Тој претпоставувал дека таа е сама со синот и дека постојано се борат за пари.

Земи ги овие пари и се извинувам за непријатностите, ѝ одговорил тој смирено.

Жената во тој момент си отишла, а полицаецот го задржал мажот на испрашување. Таа била пресреќна кога се вратила дома, но подоцна кога ги пребројала парите сфатила дека се дупло повеќе одошто таа имала претходно. Но, решила да го игнорира тоа.

Дента кога тргнала да ги плати долговите на училиштето во кое учело нејзиниот син, таа забележала дека слаб маж одел зад неа. Од страв да не биде повторно ограбена му пристапила на истиот полицаец кој ѝ помогнал за нејзината чанта. Во истиот момент кога му кажала за мажот кој ја следел, тој се онесвестил. Тие се стрчале накај него и во тој момент забележале дека станува збор за истиот оној кој ѝ ги дал парите кога беше уапсен.

Тој делувал многу слабо, па затоа и жената била збунета. Тогаш полицаецот ѝ рекол дека тој не ѝ ги вратил нејзините пари, туку дека ѝ ги дал сите негови бидејќи му било жал за нејзината ситуација. Кога се вратил при свест, тие му помогнале на мажот да се исправи, а тој тивко ѝ рекол:

Ве молам платете ги вашите долгови. Јас ве видов како одите и почнав да ве следам за да се погрижам дека нема повторно да ве ограбат.“

Жената останала без зборови.

Поука: Животот ви дава чудни искуства, кои понекогаш ќе ве шокираат, а некогаш ќе ве изненадат. Токму затоа и во лутина, очај или фрустрација може да направиме погрешна проценка или грешка. Но, кога ќе добиете втора шанса, поправете ги вашите грешки и возвратете ја услугата. Бидете дарежливи и љубезни. Научете како да го цените она кое го имате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар