Поучна приказна: Научете да ги препознавате „змиите“ околу вас

Поучна приказна: Научете да ги препознавате „змиите“ околу вас

Една жена имала возрасен питон, змија која многу ја сакала. Оваа нејзина змија од 4 метри одеднаш едноставно престанала да јаде. По неколку недели поминати со неуспешни обиди да ја нахрани, нудејќи ѝ се што една змија би посакала да изеде, очајната жена решила да ја одведе на ветеринар.

Поучна приказна: Научете да ги препознавате „змиите“ околу вас

Ветеринарот ја сослушал целата приказната и мака на жената, а потоа ја прашал: Дали вашата змија спие со вас за време на ноќта, се замотува околу вас или се приближува многу близу, па се раширува по целата своја должина?“

Жената се изненадила и со многу надеж одговорила: Да! Да! Тоа го прави секојдневно и многу ме растажува бидејќи знам дека бара нешто од мене, а јас не можам да ѝ помогнам да се почувствува подобро.

Ветеринарот со загрижен тон во гласот ѝ одговорил: Госпоѓо, вашиот питон не е болен, тој се подготвува да ве изеде. Секој пат кога тој се припива до вас и ве ‘прегрнува’, мотајќи се околу вашето тело, тој ја мери вашата големина со цел да открие колку голем оброк сте и колкав треба тој да биде пред нападот. И да, не јаде со цел да има доволно место за вас откако ќе ве удави и проголта.“

Поуката и пораката на оваа приказна е дека мора секогаш да ги препознавате „змиите“ околу вас и нивната вистинска намера. Само затоа што некој кој е во ваша близина често ве прегрнува и бакнува, не значи и дека неговите или нејзините намери се добри…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар