Поучна приказна: Мудрецот и просветлувањето

Поучна приказна: Мудрецот и просветлувањето

Понекогаш сѐ што е важно е да останете фокусирани во сегашниот момент и целосно да му се предадете. Најчесто не е потребно ни да поседувате некои посебни вештини или знаења, за да можете да ги почувствувате придобивките од она што ви се случува. Во продолжение погледнете ја и оваа кратка поучна приказна која ќе ви покаже дека сѐ што ви е потребно е комплетно да му се препуштите на моментот, за да можете да постигнете одредено ниво на среќа и благосостојба.

Поучна приказна: Мудрецот и просветлувањето

Еден човек посетил еден мудрец, со надеж дека ќе добие совети за свое просветлување.

– Каде треба да барам просветлување?

– Овде.

– Кога ќе се случи тоа?

– Тоа се случува токму во овој момент.

– А зошто не го чувствувам?

– Затоа што не гледаш.

– А што да гледам?

– Ништо, доволно е да гледаш.

– Во што?

– Во што било на што се фокусирани твоите очи.

– Морам ли да гледам на посебен начин?

– Не, доволно е на обичен.

– Па, зар не гледам секогаш на обичен?

– Не.

– Зошто не?

– Затоа што за да гледаш, би морал целиот да бидеш овде. А ти најверојатно си на друго место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар