Поучна приказна: Колку навистина сте богати?

Поучна приказна: Колку навистина сте богати?

Еден ден богат татко го однесол својот син на патување до едно село со строга цел да му покаже колку сиромашни можат да бидат луѓето. Тие поминале еден ден и една ноќ во фармата на една многу сиромашна фамилија.

Поучна приказна: Колку навистина сте богати?

Кога се вратиле дома, таткото го прашал својот син:

– „Како беше патувањето?“

– „Многу добро, тато!“

– „Виде ли колку сиромашни можат да бидат луѓето?“

– „Да!“

– „И што научи?“

Синот тогаш му одговорил:

– „Видов дека ние имаме куче дома, но тие имаат четири. Ние имаме базен кој се простира до средината на градината, тие имаат бескраен поток. Ние имаме ламби во дворот, тие имаат ѕвезди. Ние имаме поплочен двор до внатрешноста на нашето земјиште, тие имаат цел хоризонт.“

Кога младото момче заврши, таткото остана без зборови. Тогаш тој додаде:

– „Ти благодарам тато што ми покажа колку сме ние сиромашни!“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар