Поучна приказна: Која свеќа сте ја изгасиле вие?
Четири свеќи гореле полека. Околу нив владеела тишина, па токму затоа и можел да се слушне нивниот разговор.
Првата свеќа рекла: „Јас сум Мир. Луѓето не успеваат да ме сочуваат, па токму затоа и нема потреба да горам. Мислам дека е време да се изгасам.“ И таа тоа и го направила.
Втората свеќа рекла: „Јас сум Вера. За жал, во најдобар случај многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам, па токму затоа нема потреба да горам и понатаму.“ Само што го изговорила тоа, дувнал нежен ветер и ја изгасил.
Третата свеќа жалосно проговорила: „Јас сум Љубов. Немам веќе сила, бидејќи луѓето често забораваат на мене.“ И во истиот момент се изгасила.
Брзо потоа во собата влегло едно дете.
„Што се случува?“ – прашало тоа. „Требаше да горите до крај“, рекло, плачејќи.
Тогаш се слушнал гласот на четвртата свеќа: „Не грижи се, сè додека јас горам ќе можеме да ги запалиме и другите свеќи. Јас сум Надеж…“