Поучна приказна: Како треба да реагирате на зависта, злобата и навредите од другите луѓе?

Поучна приказна: Како треба да реагирате на зависта, злобата и навредите од другите луѓе?

Некогаш многу одамна си живеел еден стар, но мудар самурај. Тој имал група млади ученици кои ги подучувал на воени вештини, но и на мудрости. Еден ден, за време на обуката, дошол еден млад војник кој бил познат по својата грубост и суровост…

1-pouchna-prikazna-za-toa-kako-treba-da-reagirate-na-zavista-zlobata-i-navredite-www.kafepauza.mk_

Неговата омилена тактика била провокацијата: Го навредувал противникот кој го губел трпението, го прифаќал предизвикот, но во бесот правел грешка по грешка и секако, на крајот ја губел борбата.

Така се случило и овој пат: Војникот извикал неколку навреди и започнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот мирно продолжил со своето предавање. Ова се повторило неколкупати. Кога самурајот никако не реагирал ниту по трети пат, војникот луто си заминал од предавањето.

Останатите ученици внимателно и со љубопитност ја набљудувале оваа ситуација. Откако војникот си заминал, еден ученик не издржал и почнал да зборува:

„Учителе, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!“

Мудриот самурај одговорил:

„Кога некој ќе ви донесе подарок и вие не го прифатите, тогаш чиј е подарокот?“

„На тој што го донел подарокот“, одговориле учениците.

Самурајот се насмевнал: „Истото важи и за зависта, мразењето, навредите и злобата. Сѐ додека не ги прифаќате, тие ѝ припаѓаат на личноста која ги носи во себе!“

Ако ви се допадна оваа приказна, прочитајте ја и оваа која ќе ве убеди дека секое лошо носи и нешто добро!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар