Постојат 5 типови флертувачи: Во која група спаѓате вие?

Постојат 5 типови флертувачи: Во која група спаѓате вие?

Психологијата конечно почна да се занимава со важни нешта како што е флертувањето. Истражувачите од Универзитетот во Канзас интервјуирале многу луѓе за нивниот стил на флертување, како и за нивните досегашни врски и на тој начин успеале да решат некои од мистериите за љубовните состаноци.

5 типови на флертувачи Кој од нив сте вие?

Идентификувани се пет главни стилови на флертување, кои истовремено се поврзуваат со одредени видови врски кои произлегуваат од нив. Изненадувачки, истражувањето ни покажува дека нема разлика меѓу жените и мажите кои применуваат ист стил на флертување. Исходот е секогаш ист.

1. Физичко флертување

Овие флертувачи не се плашат да покажат дека се сексуално заинтересирани за нивната цел. Тие храбро влегуваат во врска и имаат силна емоционална поврзаност и сексуална хемија.

2. Традиционално флертување

Овој тип флертувачи се држат до традиционалните вредности. Тие сметаат дека мажот треба да ѝ пристапи на жената, па затоа и вообичаено сакаат да ја запознаат пред да се обидат да ја освојат. Жените од овој тип велат дека е тешко да ги натераат мажите да ги забележат и често не се задоволни од флертувањето, веројатно затоа што според нивните стандарди тие воопшто не би ни требало да го прават тоа.

3. Учтиво флертување

Тие ги следат сите правила на несексуалното флертување. Понекогаш премногу бавно им пристапуваат на луѓето за кои се заинтересирани, но штом еднаш влезат во врска, таа врска е значајна и цврста.

4. Искрено флертување

Тие сакаат да знаат како навистина се чувствувате, па затоа и искрено се интересираат кои сте вие и што сакате, за да воспостават емоционална поврзаност. Овој тип флертување повеќе го преферираат жените, а врските кои произлегуваат од него се длабоки и исполнети со емоции.

5. Палаво флертување

Веројатноста дека врската која ќе произлезе од ваквото флертување ќе биде значајна и цврста е многу мала. Овие флертувачи уживаат во овој тип флертување како начин за зголемување на сопствената самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар