Постапките на вашето куче и нивното значење

Постапките на вашето куче и нивното значење

Многу сопственици на кучиња обожаваат кога се во верното друштво на нивниот миленик, но притоа пропуштаат некои знаци коишто тие се обидуваат да им ги пренесат. Погледнете ги овие неколку карактеристични однесувања на кучињата и што всушност тие значат.

1. Носење на работите коишто им ги фрлате

Кога вашето куче ќе ви ја донесе играчката којашто сте му ја фрлиле, вие помислувате дека тоа сака да си игра. Но, преку ова всушност кучето сака да ви даде подарок. Тоа е останат инстинкт од нивното време како диви волци. Тие се обидуваат да ви дадат нешто со што би ви помогнале да преживеете.

2. Контакт со очите

Контактот со очите на кучињата им е еден од начините да покажат љубов кон својот сопственик.

3. Подигнување на едната нога

Кога ќе го видите вашето куче со едната нога подигната и гледа напред, подобро е да се поттргнете. Со ова тој покажува дека се стреми кон ловење.

4. Свивање за да изгледа помал

Тоа е знак дека кучето се плаши. Доколку наоколу нема ништо од што тој би можел да се плаши, голема е веројатноста дека кучето било малтретирано и злоупотребувано.

5. Џвакање на вашите омилени предмети

Со ова однесување на кучињата се соочуваат речиси сите сопственици. Тоа може да значи дека на вашето куче му е досадно или пак дека е анксиозно. Подобро е да му дадете играчки за кучиња со чијашто помош би ја променил оваа навика.

6. Седење на вашите нозе

Кучињата може да седат на вашите нозе од повеќе причини. Тоа може да го прават во обид да бидат доминантни над вас или пак со тоа се чувствуваат удобно дека се блиску до вас. Тоа исто така може да биде и посесивен потег којшто вели „овој човек е мој“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар