Положбата на спиење го открива вашиот карактер
Луѓето кои спијат на грб со рацете покрај телото се тивки и резервирани, а оние кои ја гушкаат перницата се идеални пријатели, додека во положба фетус спијат луѓе кои се навидум „остри“. Ако спиете склопчени на страна вие сте друштвени, а оние кои се шират по целиот кревет се цинични. Според британскиот центар за проценка на сонот, положбата во која спиете ја открива вашата вистинска личност. Професорот Крис Иѕиковски, кој е автор на студијата, издвоил шест различни положби на телото: фетус, морска ѕвезда, слободно паѓање, војник, желба и трупец.
Спиењето на страна е најдобро за здравјето според старите Грци, додека инструкторите по јога препорачуваат спиење на десната страна, бидејќи така не се оптоварува срцето. Според некои средновековни записи пак, е добро половина сон да се помине на десната, а половина на левата страна.
Положбата морска ѕвезда и војник всушност претставуваат спиење на грб. Ваквата положба на телото го зголемува ризикот од ’рчење, проблеми со дишењето, проблеми со желудникот и парализа во сон. Положбата слободно паѓање е најдобра за желудникот, бидејќи му овозможува слободно да ја вари храната.
Положба фетус
Луѓето кои спијат во положба фетус често се навидум „тврди“, а всушност се многу сензибилни. На прв поглед се срамежливи, но бргу се ослободуваат. Положбата фетус е најзастапена, а повеќе ја практикуваат жените од мажите.
Морска ѕвезда
Личности кои спијат со двете раце околу перницата се карактеризираат како добри пријатели. Тие секогаш имаат време да ги слушаат луѓето и да им пружат помош. Не сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Слободно паѓање
Оние кои спијат на стомак, со рацете околу перницата и главата завртена настрана, вообичаено се друштвени, но дрски луѓе со тенки нерви, кои не сакаат екстремни ситуации и критики упатени на нивна сметка.
Војник
Спиењето на грб со рацете покрај телото е карактеристично за тивки и резервирани луѓе кои не сакаат гужва и бучава. Овие личности себеси си поставуваат високи стандарди, но тоа го бараат и од другите.
Положба желба
Луѓето кои спијат на бедрата со испружени раце вообичаено се отворени, но знаат да бидат цинични и недоверливи. Тие ретко ги менуваат своите ставови и откако нешто ќе одлучат, никој не може да го смени нивното мислење.
Положба трупец
Оние кои спијат на грб со двете раце поставени на телото, се едноставни и друштвени личности кои сакат да бидат во гужва. Не се плашливи и веруваат секому, поради што се сметаат за лековерни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
A sto ako spies vo site mozni pozi i samo mrdas noke vreme? xD
se soglasuvam so prethodniot komentar ama i trupec mozelo da dobie nekoe po ubavo ime zarem ne 🙂