Половина од жените се под стрес кога возат со партнерот до нив

Половина од жените се под стрес кога возат со партнерот до нив

Според најновите истражувања, повеќе од половина од жените признаваат дека доколку на совозачкото седиште седи нивниот партнер, тие стануваат нервозни и вознемирени. За разлика од нив, кај мажите секој десетти се изјаснил дека вози многу повнимателно кога партнерката е во возилото.Половина од жените се под стрес кога возат со партнерот до нивИстражувањето исто така открило дека само 9% од мажите одбиваат да им го позајмат својот автомобил на партнерките. Од овој процент, петина од мажите сметаат дека возачките способности на партнерката не се доволно добри како неговите, 26% велат дека колата е премоќна за да ја вози партнерката, а 16% сметаат дека нивната партнерка не е доволно самоуверена кога станува збор за возење.

И покрај големата самоувереност на мажите во нивното возење, сепак жените повторно се критични. Тринаесет проценти од жените мислат дека нивниот партнер е премногу самоуверен кога вози, а секоја десетта смета дека тие возат пребрзо и невнимателно.

Колку за споредба, 17% од мажите сметаат дека се подобри шофери од жените, а дополнителни 16% сметаат дека жените не се доволно компетентни за да го паркираат возилото.Половина од жените се под стрес кога возат со партнерот до нивМажите и жените се сложуваат само дека мажите најчесто ја имаат улогата на возач во заедницата. Тие најчесто се зад воланот за време на подолги патувања, на автопати и стари патишта. Исто така тие најчесто возат кога временските услови не се поволни.

Жените од друга страна, најчесто возат кога станува збор за префрлање на децата до училиште, на спортување, за пазарење и слично.

Повеќе од една третина од жените велат дека им е подобро да останат трезни и да возат после вечерно излегување, а со нив само една четвртина од мажите го споделува истото мислење.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар