Појадок во Париз
Францускиот традиционален појадок е една од многуте причини поради која треба да сте возбудени за вашето патување во градот на светлината.
Типичен појадок во Париз се состои од еден или два кроасани или Тартини (француско лепче исечено на кришки, најчесто намачкано со путер и џем), овошје или џус и кафе со млеко.
Доколку не сте сместени во хотел каде што се служи појадок, најубави места за појадување се кафулињата со масички на тротоарите на француските улици. Таму најубаво можете да ја почувствувате традицијата на францускиот појадок.
Друга можност за појадување ви се малите пекари. Некои од нив имаат по неколку мали масички и служат кафе, доколку не сте си купиле за носење. Во овие места појадокот ќе ве чини помалку, поради поинаквиот амбиент на самото место и поради тоа што нема надворешни маси на тротоарот.
Исто така, можете и да си купите вкусни кроасани и кафе со млеко за носење, па да си седнете на клупа покрај Сена и комплетно да уживате во магијата на Париз.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.