Погледнете како изгледа денот за одмор и размислување на Дипак Чопра

Погледнете како изгледа денот за одмор и размислување на Дипак Чопра

Доктор Дипак Чопра е експерт за благосостојба и „кралот“ на алтернативната медицина, па не треба да ве изненади фактот што неговиот просечен викенд вклучува вежбање јога, пешачење и многу размислување.

Погледнете како изгледа денот за одмор и рефлексија на Дипак Чопра

„Недела е ден за одмор. Не е ден за обврски. Нема ништо толку важно што можете да го испуштите.“

Грижа за менталното и физичкото здравје

Кога е ден за одмор, Чопра всушност прави многу. Се буди во 5 часот наутро и ги поминува првите два часа од денот медитирајќи во креветот.

„Практикувам свесност за телото и дишењето прашувајќи се: Како можам да го имам најрадосниот ден?“

Од 7:30 до 8:30 часот тој вежба јога, а потоа пие не една, туку дури три шолји кафе.

Околу 9:30 часот ѝ се придружува на неговата сопруга на прошетка околу Њујорк. Секој пат се обидуваат да изодат најмалку 8 километри. По прошетката ручаат заедно. Потоа го минува попладнето анализирајќи ги неговите одлуки и мисли, додека неговата „подружељубива“ сопруга најчесто оди во кино или во музеј со пријателите.

Време за креативни проекти

Потоа работи на книгата што ја пишува моментално – 89-та по ред. По работењето чита, ги забележува неговите мисли и се подготвува за претстојните предавања.

„Следните 30 минути запишувам белешки што ми се собрале во главата, или се подготвувам за говорот што ќе го држам.“

Го завршува попладнето медитирајќи и размислувајќи за неговиот ден. Во тој период се враќа кај неговата сопруга, па остатокот од денот го минуваат заедно. Вечераат, пред спиење одат на прошетка во соседството и ги гледаат вестите. Околу 9 часот повторно вежба јога и оди на спиење.

Навистина исполнет распоред за мирен ден за одмор и размислување.

Прочитајте ги и најдобрите цитати од Дипак Чопра кои ќе ја инспирираат вашата внатрешна мудрост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар