Погледнете го светот преку очи на мачка

Погледнете го светот преку очи на мачка

Се прашувате како изгледа светот погледнат преку очи на мачка? Базичната структура на мачкините очи е доста слична со онаа на луѓето, но видот на мачката се прилагодува за различни потреби, па иако светот што тие го гледаат е сличен на нашиот, сепак се разликува. Како предатори, тие мораат да бидат во можност да забележат движење дури и при минимална светлина.

Погледнете го светот преку очи на мачка

Артистот Николај Лам во својот последен проект ни прикажува како изгледа светот, погледнат преку очи на мачка. Во консултација со офталмолози од ветеринарниот факултет на Универзитетот во Пенсилванија и други специјалисти од тоа поле, тој успеал да ги направи овие визуелизации, на кои е направена споредба како гледаат луѓето, а како мачките. На горните фотографии е прикажан видот на луѓето, спореден со видот на мачките на долната фотографија.

Погледнете го светот преку очи на мачка

При создавање на овие фотографии тој зел предвид многу факти. Матните рабови на сликата ја претставуваат нашата периферна визија. Луѓето имаат домет од 20 степени на периферна визија на двете очи, додека кај мачките тој домет изнесува 30 степени. Нивното визуелно поле во целост е поголемо од човековото. Тие гледаат под агол од 200 степени, додека ние под агол од 180.

Погледнете го светот преку очи на мачка Погледнете го светот преку очи на мачка

Нивниот поглед од далечина е ужасен. Тоа што ние луѓето можеме да го видиме од 30 метри, тие можат да го здогледаат од 6 метри. Истражувањата покажуваат дека мачките гледаат сини и жолти тонови, но не ги гледаат црвените, портокаловите и кафените. Затоа фотографиите со нивниот поглед делуваат како да се испрани. Сепак, за разлика од луѓето тие гледаат 8 пати подобро во темница.

Погледнете го светот преку очи на мачка

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар