Планината Таранаки во Нов Зеланд
Таранаки е планина сместена во северниот остров на Нов Зеланд и всушност претставува активен вулкан. Тој е познат и под името Егмонт, а е висок 2.518 метри. Таранаки е доста млад вулкан чија активност е забележана пред 135.000 години. Тој се наоѓа во центарот на Националниот Парк Егмонт. Интересно и карактеристично за него е циркуларниот распоред на вегетацијата околу него и прецизно обликуваниот вулкански конус.
Посетителите можат да ја искусат убавината на оваа планина преку сноубординг и скијање на ски-центарот Мангануи. Најблискиот град е Њу Плимут каде обично престојуваат туристите. Поради сличноста која ја има со врвот Фиџи во Јапонија, Таранаки била алтернативна локација при снимањето на филмот „Последниот Самурај“.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.