„Плацебо сон“: Одличен трик кога не сте наспани

„Плацебо сон“: Одличен трик кога не сте наспани

Дали ви се случило воопшто да не можете да се фокусирате на работата бидејќи не сте се наспале? Недостатокот од сон може во текот на целиот ден да ве направи расеани и летаргични.

„Плацебо сон“: Одличен трик кога не сте наспани

Во едно истражување од Универзитетот Колорадо бил проучуван ефектот на таканаречениот плацебо сон. Во прв план на истражувањето бил феноменот каде што луѓето кои мислат дека спиеле премалку, најчесто се чувствуваат уморни и со намалена концентрација.

За истражувањето испитаниците имале задача да документираат колку добро, односно длабоко спиеле. Потоа слушале предавање за тоа колку е важна РЕМ фазата од сонот. Ова е фазата во којашто сонуваме и започнува околу 90 минути откако ќе заспиеме. Нејзиното траење е различно – на почетокот е пократка, а како што наближува будењето станува подолга. Научниците им објасниле на испитаниците дека возрасните луѓе треба да поминат од 20% до 25% од спиењето во РЕМ фаза, во спротивно ќе имаат проблеми со концентрацијата.

Потоа испитаниците биле поврзани со машина за која верувале дека може да им ги детектира РЕМ фазите за време на спиењето. Во реалноста, машината ја покажувала нивната мозочна активност. На дел од испитаниците им било кажано дека имале премалку РЕМ фази, а на другите дека имале доволно. Потоа испитаниците решавале задачи кои барале разбирање и внимание.

Резултатите покажале дека оние кои верувале дека имале повеќе РЕМ фази подобро се справиле со задачите.

Па како да го искористите феноменот плацебо сон во ваша корист? Навистина е едноставно – постојано кажувајте си дека претходната вечер сте спиеле добро и доволно. Важно е да знаете дека овој трик треба да го употребувате привремено, кога немате време за спиење. Доколку постојано се соочувате со недостаток од сон, најдобро е да се консултирате со професионалец за да ги избегнете несаканите последици.

Дознајте кои се последиците доколку спиете помалку од 6 часа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар