Патишта опкружени со живописни пејзажи
Навистина е убаво кога ќе тргнете кон некоја живописна дестинација која едвај чекате да ја видите, но уште поубаво е ако можете и попатно да уживате во убави пејзажи. Ако некогаш тргнете по овие патишта, тоа нема да ви недостига.
Големиот автопат покрај океанот, Австралија
Името на автопатот кажува дека спектакуларната глетка на океанот го следи возачот за време на целото патување. Удирањето на брановите во стрмните крајбрежни карпи само го надополнува впечатокот.
Комб Лавал, Франција
Изграден во деветнаесеттиот век како пат за превезување дрва, денес е рај за велоспиедистите кои уживаат во пејзажите на Француските Алпи додека возат по 13 километри долгиот пат.
Гросглокнер, Австрија
Гросглокнер е рајот за моторџиите на Австриските Алпи. За патарина од 18 евра за мотор и 28 евра за автомобил може да се ужива во спектакуларните планински пејзажи, а особено во глетката на околните глечери.
Ајсфилдс Парквеј, Канада
Во оние 230 километри на патот покрај Ајсфилдс Парквеј може да се почувствува Канада со сета своја дивост и чистота. Поминувајќи низ Националниот парк Банф, глетката на снежни планински врвови, смарагдни езера и недопрени долини прави возачот да посака никогаш да не стигне до својата дестинација.
Автопатот покрај Пацификот, САД
Бескрајниот Пацифик постојано го зазема примарното место на видикот за време на патувањето долго преку 1.000 километри, додека од другата страна стрмните карпи се наведнуваат над океанот. Дел од неповторливото искуство е и минувањето низ Биг Сур, регионот кој ги привлекувал хипиците во минатото.
Прстенестиот пат, Исланд
Гејзери, водопади, карпи, фјордови и мирни мали села се само дел од недопрената убавина со која располага Исланд. Пејзажите кои даваат чувство дека се наоѓате во бајка го прават патувањето по Прстенестиот пат искуство кое секој би го посакал во својата биографија.
Стелвио, Италија
Според автомагазинот Top Gear овој пат го нуди најубавото возачко искуство во светот. Како за пат кој се наоѓа на Алпите, на него има доста гужва. Тоа не важи само кога велосипедистите на Џиро д‘Италија имаат привилегија самите да владејат со него.
Тролстиген, Норвешка
Долг е само шест километри и покрај тоа се смета за инженерско чудо. Од возачите се бара екстремна внимателност додека се движат по него, но тоа не е лесно кога се опкружени со живописните норвешки пејзажи.
Трансфагарашан, Романија
Романија има „вампирска“ репутација поради грофот Дракула, но ако некогаш патувате по Трансфагарашан, на земјата ќе се сеќавате по убавината на Карпатите и прекрасното езеро Видрару.
Патот Бел Раб, САД
Патот кој има назив Бел Раб ќе ве однесе низ црвенкастите национални паркови на Јута. Иако само 165 километри долг, може да бидат потребни и два дена за да се помине целиот пат. Тоа е можно само со моќно теренско возило и големи резерви на вода за пиење.
Јунгас, Боливија
Од сите патишта на светот, овој важи за најопасен. Го нарекуваат „Патот на смртта“, но оние кои возат внимателно лесно ќе го преживеат, а потоа ќе се сеќаваат на живописните пејзажи на боливиската џунгла.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Патот од Струга до Маврово, преку Дебар, има прекрасен пејсажи покрај реката Радика и вештачките езера
Премногу ме фасцинираат патишта покрај море/океан. 🙂