Парализирана невеста која проодува на својата свадба ни покажува дека ништо не е невозможно

Парализирана невеста која проодува на својата свадба ни покажува дека ништо не е невозможно

Одот на невестата до олтарот е еден од најнезаборавните моменти од свадбената церемонија. Но, за оваа невеста, тоа било најемоционалниот момент. Џеки Гончер, која од својата 17-та година била парализирана од вратот надолу, ги изненадила сите гости кога станала од својата инвалидска столица и самата изодела до олтарот.

Откако се здобила со повреда на ‘рбетот во несреќа со пливање, докторите тврделе дека таа најверојатно никогаш повторно нема да прооди. Но, таа почнала полека да им пркоси на шансите, така што чекор по чекор, полека ја враќала контролата на своето тело. Сепак, во следните 8 години, Џеки претежно зависела од својата инвалидска количка.

Бидејќи била спортистка пред несреќата, за неа најтешкиот дел бил да не вежба. Таа се обидувала да се врати на вежбањето, но била обесхрабрувана од сите падови во теретаната и со тек на време едноставно престанала да се обидува. Но, точно една година пред свадбата, Џеки си дала само една цел – да може да оди на нејзината свадба.

Како што можеме да видиме од овие фотографии, таа не само што ја постигнала својата цел за одење, туку исто така и можела да танцува! Младоженецот е пресреќен што има олку силна и неверојатно прекрасна жена како сопруга. Им посакуваме само најдобро!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар