Паметна и креативна употреба на стари конзерви
Рециклирањето е одличен начин не само да ја заштитите околината туку и да го збогатите декорот во вашиот дом. Сè што ви треба е трпение, доза креативност и желба за „направи сам“ авантура. Земете куп конзерви кои наместо да ги фрлите во корпата за отпадоци ќе им најдете место во вашиот дом.
Еве што сè може да направите со старите конзерви.
1. На една дрвена даска со помош на шајки закачете неколку конзерви кои ќе ви послужат за чување дрвени лажици, ножеви и сличен кујнски прибор. Доколку етикетата на конзервата се совпаѓа со боите на вашата кујна воопшто не мора да ја одлепувате.
2. Исто, конзервите може да ги искористите како држачи за шишиња вино во кујната. Обојте ги во бои по ваш избор, исечете го задниот дел и добро прицврстете ги една со друга.
3. Или пак, одберете една даска и 6 конзерви со еднаква големина. Обојте ги и даската и конзервите во една боја и прицврстете ги конзервите за даската со помош на шајки, како што е прикажано на сликата. Може да додадете држач за приборот како и налепници на секоја од конзервите зависно од тоа дали тука ќе чувате лажици, виљушки, ножеви и др.
4. Средете го приборот на вашите деца со помош на стари конзерви. Прикачете ги конзервите со магнет на метална површина и селектирајте го приборот за боење или играчките на вашите деца. Креативно, нели?
5. Со помош на ниски конзерви, уредете ја вашата работна фиока, категоризирајќи го приборот што го употребувате секојдневно.
6. Конзервите може да ви послужат и за уредно чување на вашите аксесоари. Прицврстете неколку конзерви една за друга и со помош на дебел конец или парче материјал заврзете ги и прикачете ги на вратата или плакарот. Во секоја од конзервите може да ги чувате вашите марами, на пример.
7. Откако средивте сè во вашиот дом, време е да ѝ се посветите на вашата градина. Доколку сте љубители на цвеќиња, зеленчуци и овошја и ги одгледувате во вашиот двор, конзервите може да ви помогнат уредно да ги чувате семињата и коренчињата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.