Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

На југозападот на Русија, во Република Дагестан, има неколку напуштени села, а едно од нив го добило прекарот „руски Мачу Пикчу“. Можеби Мачу Пикчу звучи симпатично, но руската верзија на изгубениот град во планините се вика Гамсутл.

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

Поради политичките турбуленции во минатото, Дагестан подолго време имал репутација на опасно место и на патниците им се препорачувало да бидат претпазливи, па дури и да избегнуваат патување на тоа место. Се разбира, ова само дополнително ги привлекло патниците кои сакале вакви дестинации и забрането овошје.

Денес ситуацијата е помирна, а оние што зачекориле на планинското тло на Дагестан велат дека жителите се многу гостопримливи и среќни што ве гледаат.

Во Дагестан тешко дека ќе најдете некој што зборува англиски, граничните контроли се детални поради претходните немири и проблеми со криминалците, а откако ќе пристигнете, водичите ќе ве советуваат да ги истражувате селата, а не градовите затоа што во градовите живеат скромен живот.

Сепак, повеќето посетители доаѓаат поради планинските села, а Гамсутл се наоѓа на 1 400 метри надморска височина.

Во 20-тиот век имало продавници, училиште, пошта и болница во Гамсутл. По Втората светска војна, жителите одлучиле да бараат подобар живот на други места, а последниот жител го напуштил градот во 1950-тите.

Можеби изгледа како место кое преживеало апокалипса, но тука има туристи. Се разбира, станува збор за мал број ентузијасти кои сакаат да се искачат на врвот.

Освен Гамсутл, има уште едно празно село, Кахиб, кое изгледа како да е целосно „врежано“ во ридот. Помеѓу нив се наоѓа Корода, чии карпи се многу пострмни и поопасни, па пристапот е потежок.

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

Погледнете кои се најзелените градови во светот што живеат во хармонија со природата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар