Овој маж испливал неверојатни 163 километри за 55 часа, а причината зад тоа ќе ви го стопи срцето
Уште од млада возраст, Мартин ван дер Вејден од Холандија, бил познат како пливачки талент кој ветува големи успеси. Но, пред воопшто да започне неговата кариера, тој се соочил со предизвик кој можел да стави крај на таа негова блескава идна кариера како спортист. На само 19-годишна возраст, на Мартин му бил дијагностициран рак.
Прогнозите на докторите не биле воопшто добри. Напротив, тие рекле дека постојат многу мали шанси младото момче воопшто да ја преживее леукемијата. Но, Мартин им го докажал токму спротивното.
Не само што издржливиот пливач го победил ракот, туку тој успеал многу набрзо да се врати во базените и да започне со тренинзи, само 2 години откако бил дијагностициран.
На изненадување на сите, овој преживувач на леукемија ја однел неговата кариера на уште подалечно ниво, така што освоил златен медал на Олимписките игри во 2008 година, коишто се одржаа во Пекинг.
Голем број атлети се познати по тоа што ги туркаат нивните граници подалеку од нормалното, а Мартин не е исклучок од нив. Неодамна, пливачот се обидел да ја преплива патеката долга 200 километри на настанот „Elfstedentocht“ во Холандија.
Целта зад овој настан, била да се соберат финансиски средства за истражување на ракот, кауза којашто го допира Мартин директно во срцето. Пливањето требало да трае 3 дена, во кои биле предвидени и многу кратки дремки за одмор.
Како и да е, како што Мартин пливал, почнал да се чувствува физички исцрпено и сметал дека водата била премногу загадена, за тој да може да продолжи понатаму.
Сепак, тој успеал да исплива неверојатни 163 километри во времетраење од само 55 часа! И покрај тоа што тој не успеал да ја постигне неговата посакувана цел од испливани 200 километри, кампањата за прибирање средства постигнала голем успех. Херојскиот пливач успеал да покрене сума од 4 милиони долари.
Вака изгледале неговите раце и нозе после 55 часа поминати во вода.
Еве што коментираат дел од луѓето на Интернет, откако ја прочитале приказната на Мартин:
„Каква легенда…“
„Тој сепак освои нешто и овојпат… моето срце!“
„Тој испливал 101 милја пред да се откаже. Тоа е лудило!“
„Каков борец!“
Прочитајте ги и овие важни животни лекции од олимписките натпреварувачи.