Оваа жена добила писмо од тотален странец. Нема да поверувате што имало внатре.

Оваа жена добила писмо од тотален странец. Нема да поверувате што имало внатре.

Едно утро Џинџер се разбудила од зуењето на домофонот од влезната врата на зградата во која живее. „Првите две зуења ги игнорирав со надеж дека ќе си заминат, но третиот пат станав“, објаснува таа. Ѝ отворила на личноста за да влезе и по кратко време се појавил постар човек на нејзината врата.

0-ovaa-zhena-dobila-pismo-od-totalen-stranec-nema-da-poveruvate-shto-imalo-vnatre-kafepauza.mk

„Дали сте вие Карен?“ – прашал тој.

Таа му рекла дека не е, дека тоа е мајка ѝ. Тој се насмеал и ѝ подал едно необележано писмо. Потоа само си заминал.

Откако го отворила писмото, толку се шокирала што морала да седне на подот.

1-ovaa-zhena-dobila-pismo-od-totalen-stranec-nema-da-poveruvate-shto-imalo-vnatre-kafepauza.mk

Ова е целосниот текст од писмото.

Ве молиме прифатете го овој подарок како акт на добрина.

Почитуван член на нашето семејство посвети многу време и средства за да помага на други луѓе преку „Random Acts Of Kindness“ (Случаен акт на добрина). Таа им даде на другите на многу начини, и секогаш го правеше тоа анонимно. Еден начин на кој нашето семејство одлучи да ѝ оддаде почит е да ја продолжи традицијата на помагање на другите во заедницата преку случајни добри дела.

Случајниот акт на добрина не мора да подразбира давање пари. Може да биде и само поминување време со некого, слушање додека некој зборува или давање комплимент. Најважно е делото да биде спонтано и направено без очекувања дека треба да се добие нешто за возврат.

Иако не ве познаваме лично, другите членови на нашата заедница ве идентификуваа вас како заслужен примател на овој дар. Ве молиме употребете ги парите како што ви одговара, дали за да си олесните некои финансиски потешкотии или да си дозволите нешто посебно за себе.

Не бараме ништо за возврат, само се надеваме дека ќе бидете охрабрени да размислите на начините на кои вие можете да направите позитивна промена кај некој друг, како и мотивирани да ја прифатите оваа идеја, и да ја продолжите традицијата.

Откако го добила писмото, Џинџер објаснува „И се јавив на мајка ми и ѝ кажав да седне, па ѝ го прочитав писмото… почна инстантно да вриска.“

Парите не можеле да пристигнат во подобар момент.

„Мајка ми се бореше со оваријален рак веќе 3 години. Тоа беше долго и тешко патување, ментално, физички и финансиски. Како и да е, ова помага многу повеќе одошто дарувачот може да претпостави. Овие пари го намалија стресот и на мајка ми ѝ дадоа надеж и причина да се смее.“

Џинџер и мајка ѝ се длабоко благодарни.

„Благодариме со цело срце и особено што одржувате една ваква прекрасна традиција“, пишува Џинџер.

До овој ден ниту Џинџер ниту мајка ѝ немаат идеја кој бил нивниот добродетел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар