Оваа фраза ќе ви помогне да ги натерате другите да го направат тоа што вие сакате

Оваа фраза ќе ви помогне да ги натерате другите да го направат тоа што вие сакате

Што ако постои тајна лозинка што може да ве научи како да го добиете тоа што сакате и сè што треба да направите е да ја користите? Би било совршено да постои такво нешто, но сепак, постојат зборови и фрази кои може да ви помогнат да создадете можности таму каде што ги немало порано. Тие фрази може да ви помогнат да влијаете врз луѓето кога барате помош или кога донесуваат одлуки.

Оваа фраза ќе ви помогне да ги натерате другите да го направат тоа што вие сакате

Сепак, фразата што е најубедлива малку ќе ве изненади бидејќи сугерира дека луѓето кон кои е насочена нема да помогнат.

Која е магичната фраза што има моќ да влијае врз луѓето?

„Знам дека веројатно ќе одбиете, но…“

Започнување реченици со оваа фраза кога барате другата личност да ви позајми пари, да ви помогне во нешто или да одвои време за вас има чудна привлечност и ги тера луѓето да го направат токму она што вие сакате да го сторат.

Во 2016 година, научник побарал помош од над 640 луѓе на улиците на Франција за донирање средства на организација што им помага на децата.

Во половина од случаите кога им пристапил на луѓето, тој ја започнувал својата изјава со: „Веројатно сте запознати со организациите што им помагаат на децата со здравствени проблеми. Се прашувам дали би можеле да ни помогнете така што ќе донирате средства“. На останатите луѓе им пристапил со додавање на магичната фраза наведена погоре: „Веројатно сте запознати со организациите што им помагаат на децата со здравствени проблеми. Знам дека веројатно ќе одбиете, но се прашувам дали би можеле да ни помогнете со донирање?“

Само 25% од луѓето од првата група донирале нешто, а од втората група, дури 39% од луѓето учествувале со некаква донација. Не само што е поголем бројот на луѓето што донирале од втората група, туку тие донирале повеќе средства.

Со оваа фраза вие им давате можност на луѓето да ја искористат својата слободна волја, па ако некој им посочи дека нема да направат нешто, ќе ги натера да сакаат да го сторат токму тоа, но само ако мислат дека тоа било нивна одлука.

Истражувачите забележале дека постојат и некои други фрази што може да имаат ваков ефект врз луѓето:

  • „Вие избирате дали ќе прифатите или ќе одбиете, но…“
  • „Правете како што сакате, но…“
  • „Не се чувствувајте обврзано, но…“

Овие фрази во основа прават да се чувствувате како другата личност веќе да сфатила што сакате да направите и затоа ја отстранила вашата слобода на избор.

Тоа ги тера луѓето да дадат позитивен одговор на барањето, наместо да ве одбијат бидејќи сакаат сами да го направат својот избор.

Овие фрази се научно тестирани и е докажано нивното влијание врз одлуките, но немојте да ја злоупотребувате нивната моќ.

Прочитајте како да познаете дали сте под влијание на токсична личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар