Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

Препознатливиот изглед на селото се должи на фактот дека овде сите куќи се изградени од шкрилци.

Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

Доколку имате можност да го видите селото Таласнал од далечина, несомнено ќе добиете впечаток дека се работи за место од некои стари разгледници. Ова живописно село се издига на 500 метри во магичната околина на планината Луза и истоимената општина во централните делови на Португалија.

Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

Овде куќите се опкружени со бујна вегетација населена со елени, срни, диви свињи како и многу други животински видови.

Станува збор за најголемото од 27-те места кои се нарекуваат Aldeias do Xisto или села од шкрилци (материјалот од кој се изградени куќите).

Иако овде куќите изгледаат старомодно, сепак повеќето од нив се опремени со модерни уреди како резултат на заедничката акција на ЕУ и Португалија за заштита на одредени локации, но и за привлекување туристи како и жители во напуштените делови на државата.

Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

 

Овде, меѓу другото, ќе пронајдете ресторани и кафулиња кои служат традиционални специјалитети карактеристични за оваа област. Убавината на селото не може да остави никого рамнодушен, а како доказ служи и фактот дека станува сè популарна туристичка дестинација.

Откако прочитавте за ова мало, идилично португалско село, можеби ќе сакате да прочитате и за швајцарското село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар