Ова лето тие се задолжителни: Воздушните душеци за плажа добија сосема нов облик!
Кога бевме мали, не можевме ниту едно одење на плажа да го замислиме без воздушен душек за вода. Тоа беа класични верзии на рамни и едноставни душеци, а доколку сме ги пронашле во некоја занимлива и несекојдневна боја или дезен, на нашата среќа ѝ немаше крај.
Воздушни душеци во облик на крофна, пица или школка во тие времиња беа незамисливи и секако, недостапни.
Но, времињата се променија. Овие денови е потешко да се пронајде класичен воздушен душек за вода отколку оној во несекојдневен облик. Минатото лето главна атракција помеѓу душеците беше фламингото, меѓутоа во модата ништо не трае засекогаш, па така ниту овој душек.
Оваа сезона хит се душеците во облик на пеперутка, лубеница, парче пица или школка.
Овие нови душеци не само што овозможуваат максимална удобност додека уживате во мирните морски бранови, туку се и занимлив и секако впечатлив додаток за одење на плажа.