Отпушоците од цигари се исто штетни за океаните колку и пластичните кеси

Отпушоците од цигари се исто штетни за океаните колку и пластичните кеси 

Една од позитивните страни на социјалните мрежи е тоа што ја зголемија свесноста за многу проблеми околу нас. Помеѓу многуте нешта за кои ни ја зголемија заинтересираноста, се наоѓа и загадувањето.

Отпушоците од цигари се исто штетни за океаните колку и пластичните кеси

Милениумците се првата генерација која всушност треба да се грижи дали да има деца или не. Покрај тоа, благодарение на нас, можеби ќе го доживееме и крајот на животот на Земјата.

Последен пат Земјата била под олкаво влијание од еден вид пред милијарди години, кога првите микроби го испуштиле кислородот што го дишеме денес. Можеме да кажеме дека нашиот придонес е далеку од олку позитивен.

Благодарение на евтиниот конзумиеризам, денес постои површина голема колку четвртина континент што плови низ океаните. Оваа површина ја сочинува ѓубре фрлено во водата, од кое најмногу е пластика и неразградливи материјали. Поради ова страда живиот свет во морињата и океаните. Овие настани стигнаа до социјалните медиуми во форма на фотографии и видеа. Можеби едно од попознатите видеа од овој тип е она на коешто е прикажана желка на која ѝ отстрануваат сламка од носот.

Благодарение на многуте објави, свесноста за пластичните сламки навистина се зголеми. Но она што е изненадувачко е дека сламките зафаќаат само 0,02% од ѓубрето во океанот. Главниот загадувач е многу почесто употребуван и многу позлобен, но најчесто избегнуваме да зборуваме за него. Станува збор за отпушоците од цигари.

Филтрите на 5,6 трилиони цигари што се произведуваат секоја година се направени од целулозен ацетат на кој му е потребна над една деценија за да се распадне. Од 1986-та година, отпушоците од цигари се најсобираниот предмет на океанските плажи – за 32 години собрани се околу 60 милиони.

Во 1900-тите, филтрите на цигарите биле направени со цел да се намали ризикот по здравјето, но сега се претвориле во голема катастрофа. Едно истражување спроведено од професорот Новотни во 2011-та година, покажало дека секој обид да ги спречат пушачите несовесно да ги фрлаат отпушоците бил неуспешен.

Цигарите и другите производи од тутун се едни од најголемите кошмари на законодавците. Компанијата Малборо на пример, е вклучена во еден од најдолгите и најкомплексните судски процеси во Индонезија, каде што агентите за продажба целат на сиромашните и малолетните потрошувачи.

Сепак, погрешно е да се каже дека не се презема ништо. Низ целиот свет се преземаат чекори кон правилната насока. На пример во САД се направени обиди да се забранат филтрите, или да се зголеми цената на цигарите. Во Франција, во еден забавен парк, вработените се обучени да го собираат ѓубрето и сите отпушоци од цигари.

Па, додека војната со пластиката и сламките е значајна и од голема важност, војната против загадувањето е далеку од завршена.

Прочитајте ги и овие факти за загадувањето со пластика и што можете да направите во врска со него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар