Оптички илузии кои си поигруваат со мозокот

Оптички илузии кои си поигруваат со мозокот

Оптичките илузии се навистина интересна работа. Тие си поигруваат со нашиот мозок, на начин што мислиме дека гледаме нешто кое всушност реално не постои. Одвојте 5 минути од вашето време, внимателно проследете ги упатствата на овие 3 интересни илузии и забавата може да започне.

Оптички илузии кои си поигруваат со вашиот мозок

1. Искривена точкеста реалност

Упатство: Ако вашите очи го следат движењето на ротирачката розова точка, на кругот ќе гледате само розова боја. Ако погледнете во црниот знак плус на средината, розовата ротирачка точка станува зелена. Вкочанете го погледот во црниот знак плус на средината и концентрирано гледајте во него 10-20 секунди и на сликата ќе гледате само зелена ротирачка точка, а сите розови точки ќе исчезнат.

Оптички илузии кои си поигруваат со вашиот мозок

Образложение: На сликата всушност воопшто не постои зелена точка, а розовите точки не исчезнуваат. Навистина е неверојатно како нашиот мозок работи нели? Оваа илузија треба да биде доволен доказ, дека не секогаш го гледаме она што мислиме дека го гледаме.

2. Духот на виножитото

Упатство: почекајте на сликата да се појави виножито во боја (а не црно-белото), за да можете ја видите оптичката илузија со полн капацитет. Потоа зјапајте во црната точка на средината некое време и во еден момент анимацијата ќе се промени во црно-бела варијанта, но вие и понатаму не го тргајте погледот од црната точка. Го видовте ли третото виножито?

Оптички илузии кои си поигруваат со вашиот мозок

Образложение: Ако правилно го следевте упатството, порано или подоцна ќе сфатите дека анимацијата се состои само од две слики на кои има слични виножита, а единствената разлика меѓу нив е дека едното е во боја, а другото црно-бело. После фиксираното гледање во црната точка на средината, негативните бои исчезнуваат во вашата очна мрежница, па затоа можевте да видите како црно-белото виножито станува виножито во боја.

3. Ѕвезди кои исчезнуваат од небото

Упатство: На сликата гледате една месечина, околу неа има 6 ѕвезди, а во позадината има точкеста површина, која се движи. Доколку успеете да го фиксирате вашиот поглед гледјаќи само во месечината (без да ја мрдате главата), ќе забележите дека ѕвездите ќе почнат да исчезнуваат. Зависно од концентрацијата може да исчезнат неколку или сите ѕвездички.

Оптички илузии кои си поигруваат со вашиот мозок

Образложение: Мозокот и очите имаат специјална взаемна поврзаност, која е многу подлабока одошто мислиме и вообичаено го земаме предвид. Повеќето луѓе мислат дека она што го гледаме пред нас, е всушност она што очите го гледаат и тие испраќаат сигнал до мозокот, кој ни помага да го сфатиме значењето на сликата. Вистината е дека некои работи кои ги гледаме, се во суштина информации кои нашиот мозок ги измислува, а не нешто што очите го виделе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Христијан Reply

    Со виножитото е без врска не сме мутави до толку

    • Кафе пауза Reply

      Христијан, кај илузијата со виножитото е интересно тоа што постојат само две виножита во анимацијата (црно-бело и во боја) и доколку гледаш во црната точка околу 30-40 секунди почнувајќи од моментот кога на анимација ќе го видиш виножитото во боја и продолжувајќи да гледаш во точката и кога виножитото ќе стане црно-бело, ќе видиш трето виножито (во други бои), кое реално не постои. Пробај пак, интересно е 🙂
      Поздрав

  2. Име Reply

    a da objasnite za tockite sto se vrtat vo krug, da mi kazete kolku sliki se staveni vo taa animacija?

  3. emilija Reply

    neznam me zabole mozokot i neznam sto da recam lele hahahhah wow

  4. monika Reply

    se na swe prekrasno e

  5. sara Reply

    hahahhahhhah me zabol mozokot prekrasni vi se ovie iluziii wow<3

Остави коментар