Омилената храна го открива вашиот карактер

Омилената храна го открива вашиот карактер

Автор: Ана Петровиќ

Поврзаноста на карактерот со исхраната е тема со која често се занимаваат бројни експерти, со цел да докажат како преокупираноста со калориската табела често ни штети во уживањето во храната.

Желбата за храна во себе содржи психички компоненти, па така потребата за слатко, солено, луто или кисело открива какви карактеристики криеме во себе и за каква личност станува збор.

(4) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Алан Хирш, невролог и психијатар од Чикаго пред неколку години спроведе истражување врз 18.000 испитаници, преку кое дојде до резултати кои јасно го покажуваат односот помеѓу желбата за одредена храна и карактерот.

За тоа каква личност сте можете да заклучите од сопствените потреби за петте основни вкуса, кои не треба да ги потиснувате, како што вели Хирш, туку да ги задоволувате умерено и контролирано.

По што посегнувате најчесто, кој вид храна е вашиот приоритет?

Солената храна се поврзува со успешни личности кои се водат од разумот, а не од срцето

Личностите кои чувствуваат потреба за солена храна ретко го изразуваат своето мислење, но се неизмерно енергични и храбри во критични ситуации, темелејќи ги своите одлуки на разумот, а не на срцето.

Со обѕир на тоа што често им дозволуваат на другите да им го кројат приватниот и деловниот живот, посегнуваат по кесичка чипс или порција солен помфрит, поради ниското ниво на минерали во организмот. Истражувањата покажуваат дека исхраната сиромашна со калциум предизвикува желба за солена храна.

(2) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Слатката храна е одраз на сензуални хедонисти

Личностите кои чувствуваат голема потреба за темно чоколадо сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува хедонистичкиот начин на живот, додека во деловниот свет целат кон водечки позиции. Оние личности кои претпочитаат млечна чоколада често се тивки и повлечени, но знаат да уживаат во животот. Хирш нагласува дека општо, љубителите на слатки се личности кои сакаат да се дружат и да се забавуваат.

Чоколадото стимулира лачење на хормонот серотонин, и е совршен десерт кој расположува и помага кога на телото му е потребна дополнителна енергија.

Омилената храна го открива вашиот карактер

По слатко-солена храна посегнуваат креативни и осамени луѓе

Доколку ја обожавате онаа комбинација на слатко и солено тогаш припаѓате во категоријата на луѓе кои најмногу сакаат да бидат сами, да управуваат со своето време и простор, кои не поднесуваат надмоќ и најмногу од сè ја ценат приватноста.

Честата желба за ваквото комбинирање е знак за намалено ниво на гликоза и натриум во организмот. Ваквата состојба резултира со исцрпеност, поради која многумина посегнуваат по солени грицки и слатки чоколади за да си ја вратат енергијата.

Омилената храна го открива вашиот карактер

Лутата и зачинета храна укажува на темпераментни личности

Темпераментните личности кои не сакаат да губат време на небитни работи во животот се обожаватели на лута и зачинета храна. Тие сакаат ред и дисциплина и со неверојатна брзина ги извршуваат своите обврски, па така храната со засилен вкус им делува смирувачки.

Ваквата храна ја забрзува работата на срцето и дишењето и го покачува крвниот притисок, но мора да се биде претпазлив со нејзиното конзумирање, бидејќи истражувањата покажуваат дека луѓето се способни да развијат зависност од зачинета храна.

(5) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Горчливиот вкус им годи на внимателните личности

Личностите кои тешко му се препуштаат на срцето, често се критикувани како недоволно страсни карактери. Таквите се обожаватели на горчливиот вкус, кој е најмалку застапен во категоријата на омилени вкусови.

Горчливата храна ја урамнотежува нивната ладнокрвност која е само површна, бидејќи длабоко во себе тие се мирни и емотивни личности. Ваквиот вкус го исполнува она мало незадоволство кое ги тера да гледаат на работите онака како што се, без розови очила.

Омилената храна го открива вашиот карактер


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар