Од обични до совршени: Освежете ги старите фармерки со помош на цветни детали!

Од обични до совршени: Освежете ги старите фармерки со помош на цветни детали!

Доаѓањето на убавото време во нас буди навистина прекрасни чувства, имаме поголема инспирација за да експериментираме со модата, да им се радуваме на цветните дезени, пастелните бои и светлите фармерки… Добрата вест во сето ова е тоа што нема потреба да купувате нови, скапи парчиња облека, туку едноставно разбудете ја креативноста во вас и редизајнирајте ги старите прачиња облека! За денес, ви претставуваме една интересна идеја, со која ќе ги претворите старите фармерки во нови, освежени и шик модели со цветни детали.

1-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Кога може истиот модел да го носи и Блејк Лајвли, зошто да не можете и вие?

2-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Потребен материјал:
  • Стари фармерки
  • Бела боја за ткаенина
  • Барем две нијанси на розова боја за ткаенина
  • Четки

3-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Чекор 1: Најнапред, послужете се со белата боја. Неуредно испрскајте ги фармерките со бела боја, на тој начин што ќе ја потопите четката во разредена боја и ќе ја протресете неколку пати над фармерките.

4-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Чекор 2: Потоа направете неколку произволни потези со четката по површината на фармерките за да ги избелите на неколку места.

5-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Чекор 3: Користете тенка четка и црна боја за да ги исцртате гранките.

6-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Чекор 4: А потоа, комбинирајќи ги светлите и темните нијанси на розова боја, нацртајте ги ливчињата на цветовите насекаде по гранките.

7-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_ 8-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Чекор 5: Нацртајте ваква гранка на предниот, десен џеб, а потоа, повторете ја истата постапка на задниот, десен џеб.

9-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

И на долниот дел од левата ногавица.

10-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Чекор 6: Оставете ја бојата да се исуши, исперете ги фармерките на ниска температура и откако ќе се исушат, тие ќе бидат спремни за прошетка низ градот.

11-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_

Никој нема да има сличен модел како вашиот!

12-od-obichni-do-sovrsheni-osvezhete-gi-starite-farmerki-so-pomosh-na-cvetni-detali-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар