Новогодишно лајт-шоу со 40 илјади светла
Автор: Весна Јовановска
Би сакале ли околу 40 илјади новогодишни светилки наизменично да трепкаат во ритамот на вашата омилена музика? Ова веќе го направиле татко и син од Меридијан, Ајдахо. За дочекот на 2012 година и по повод божиќните празници, тие подготвиле вистинско лајт-шоу. Ги украсиле куќата и дворот со штедливи ЛЕД-светла, кои секоја недела ќе „танцуваат“ на различни мелодии. Ги повикуваат оние кои имаат шанса, да дојдат и одблиску да уживаат во оваа магична атмосфера. Сите останати, дел од магијата ќе можат да почувствуваат преку следното видео во кое може да се види како нивната куќа танцува во дабстеп ритам:
Традицијата со разиграните светла ја започнале уште во 2003 година. Стартувале со пет илјади сијалички, но во текот на наредните осум години, осум пати го зголемиле нивниот број.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
За оние кои ги интересира песната во ова видео: http://www.youtube.com/watch?v=2cXDgFwE13g&ob=av2e