Новогодишна порака од духовен водач: На овој ден стануваме свесни каде сакаме да одиме

Новогодишна порака од духовен водач: На овој ден стануваме свесни каде сакаме да одиме

Овој момент е совршено време да размислиме за своите неуспеси и грешки во духовна смисла. Дали сакаме да продолжиме да живееме исто како досега или извлековме некоја поука? Оваа порака ни доаѓа од Раданат Свами, спиритуален водач, општествен работник, активист и познат автор. Тој повеќе од 40 години е духовен учител, практикува Бакти јога и се смета за лидер на движењето Харе Кришна.

(0)-novogodishna-poraka-od-duhoven-vodach-kafepauza.mk

Ако годината што измина била исполнета со страдање, треба да најдеме утеха во фактот дека сите казни и страдања на овој свет не се наменети за казнување, туку за корекција. Денес е добар ден да медитираме за тоа што навистина го сакаме во животот.

За тие кои што редовно практикуваат некој спиритуална пракса, многу е важно понекогаш да направите некоја промена во животот. За да го трансформираме своето срце и да го поврземе со Бог потребен ни е водач и засолниште. На овој ден стануваме свесни каде сакаме да одиме и одлучно да тргнеме по тој пат.

За да го постигнеме тоа што сакаме во нашите животи, потребна ни е голема сила и дружење со сериозни и искрени личности. Исто така треба да одлучиме да најдеме засолниште во светото име на Бог и трезвено да се потсетиме дека денес сме еден чекор поблиску до смртта. Истовремено важно е да се медитира за смислата на животот што ќе ни гарантира вечен живот, над привременото постоење на овој свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

  1. Митко Reply

    Духовни улители беа нашите предци,дедовци и баби. Остана уште по некоја старамајка да не` подучува колку е убаво да се пости,да се моли, понекогаш да се исповедаме и да ги спомнуваме прадедовците.Работливоста или послушанието се подразбираат. Предпразнично расположение : да дочекаме Божик, па нека дојде Новата Година…

Остави коментар