Нивото на хормони го одредува вашиот идеален партнер - Part 2

Нивото на хормони го одредува вашиот идеален партнер

ПРЕГОВАРАЧИ

(4) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mk

Сакаат да знаат како им се чувствуваат пријателите. Имаат бујна фантазија и често се емпатични. Сè доживуваат силно.

Многу лесно можат да го сменат мислењето. Го следат своето срце кога треба да се донесе некоја одлука.

Добри страни

Интуитивни се и ги сакаат луѓето, а и сакаат да бидат сакани. Тие се дипломати и претпазливи.

Лоши особини

Склони се кон депресија.

Совет како да се однесувате во врската

Ако сте заинтересирани за истражувач, немојте лесно да потклекнете на неговиот шарм, сè додека не сте сигурни дека навистина посакува врска. Бидете свесни дека градителот не поставува прашања за да ве критикува. Ако сакате да го освоите управувачот, бидете директни и отворени. Ако сте во врска со друг преговарач, пробајте да ги избегнете бесконечните расправии и анализирање на врската.

ГРАДИТЕЛИ

(5) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mk

Сакаат цврсти правила. Почитуваат авторитет. Ги испитуваат сите опции пред да донесат одлука. Сакаат да планираат однапред. Внимателни се. Ја почитуваат традицијата.

Добри страни

Лојални се и одговорни, и имаат одредени морални начела.

Лоши особини

Сметаат дека го знаат вистинскиот начин како да ги решаваат работите и знаат да бидат доста тврдоглави.

Совет како да се однесувате во врската

Ако сте во врска со истражувач, воздржете се од распрашување. Игнорирајте ги брзите одлуки на управителот. Зборувајте за себе со преговарачот. Доколку сте во врска со друг градител, тој ќе знае да ве цени онакви какви што сте.

Најчести комбинации меѓу групите

(6) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mk

Истражувачите главно бираат истражувачи за животни партнери, а најмалку се склони кон лицата со управувачки способности.

Градителите најмалку се склони кон преговарачите, а најслични им се другите градители и обично бираат луѓе со слични особини.

Управувачите најмногу бираат преговарачи, а со преговарачите е обратно – тие најмногу ги бираат управувачите за свои партнери. Женските преговарачи, пак, најчесто ќе се решат за личност која сака предизвици и која спаѓа во истражувачите.

Статистички гледано, најмали изгледи за долга врска имаат истражувачите кои се во врска со друг истражувач. Најсигурна комбинација е градител со градител, и тоа обично се браковите кои траат со децении.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар