Ни кроасаните ни францускиот бакнеж не потекнуваат од Франција, но листата не запира тука
Кога помислуваме на Франција, помислуваме на Ајфеловата кула, на музејот Лувр, на дворецот Версај, на романтика, мода, прекрасен парфем, на кроасан и кафе и на француски бакнеж. Во популарната култура многу нешта го носат епитетот француски, но реалноста е дека воопшто не потекнуваат од Франција. Подгответе се да бидете изненадени.
1. Француски бакнеж
Бакнувањето „со јазик“ воопшто не е француска традиција и навистина не е јасно од каде доаѓа поврзаноста, бидејќи првпат ваквиот бакнеж е спомнат во Кама Сутра. Оваа популарна книга не е напишана во Франција, а е издадена долго пред воопшто таа да постои како држава. Ваквиот начин на бакнување можно е да постоел уште пред новата ера.
2. Француски тост
Она што денеска е популарно како француски тост, всушност им била омилена храна на старите Римјани. Тие потопувале леб во млеко, кој потоа се пржел во врело масло. Денеска овој специјалитет има многу верзии, а епитетот „француски“ го добил поради првиот угостител кој редовно го послужувал во својот ресторан, Џозеф Френч.
3. Француски маникир
Францускиот маникир е еден од најпопуларните изгледи на ноктите. Се нанесува нежна розова како основа, а само врвот на ноктот се бои со бела боја, со што се потенцира природниот изглед. Први го промовирале Макс Фактор, а неколку години подоцна експертот за маникир Џеф Пинк го популаризирал овој изглед и го нарекол „француски“.
4. Беретка
Секогаш кога помислуваме на Французинка, неизоставен дел од нејзиниот стил е токму беретката. Но, постои библиска легенда која вели дека дури и Ное носел волнена шапка со познатиот облик, таа постоела и во стара Грција, а ја носеле и мажите во средниот век. Французите, пак, биле први кои користеле беретки во војската, но тоа се случило на почетокот на 19-тиот век.
5. Помфрит
Уште во 17-тиот век селаните во Белгија ги сечеле компирите на тенки парчиња и ги пржеле во масло. Вака подготвениот компир им се допаднал на американските војници кои за време на Првата светска војна биле во Белгија и рецептот го пренеле преку океанот, дома, нарекувајќи го „француски компир“, бидејќи во Белгија службен јазик е францускиот.
6. Кроасан
Пред воопшто да стигне во француските пекарници, слаткото полнето лиснато тесто се продавало само во одредени пекарници во Виена. Така, кроасанот всушност потекнува од Австрија, каде е познат под името „кипфел“. И денеска може да се најде во многу пекарници и слаткарници низ Австрија, а се претпоставува дека ваквото печиво првпат било подготвено во 1227 година за војводата Леополд.
Научете како да шармирате како француските дами.